Скопје
Потврдено од МВР. Имало господ! Пронајдени се двете исчезнати дечиња на подрачјето кај Бит Пазар

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички на подрачјето на Бит Пазар. Имено денеска (01.04.2023) во 13.30 часот на ул.„Џон Кенеди“, кај продажен објект во паркот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, пронајдени се малолетничките М.К.(15) и А.А.(12), за кои на 30.03.2023 во вечерните часови беше пријавено дека се оддалечиле.
По документирање на случајот, малолетничките ќе бидат предадени на родителите.
Скопје
СВР Скопје лиши од слобода уште еден предизвикувач на пожар

Денеска (11.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во с.Огњанци го затекнале А. Ф. (61) од с.Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител, предмалку информира МВР.
Скопје
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат.
Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).
Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, соопшти МВР предмалку.
Скопје
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево18 часа
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Култура18 часа
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Скопје2 дена
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци
-
Македонија2 дена
ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни