Следете не

Скопје

(ФОТО) Повеќе од 3000 учеснички ја истрчаа единаесеттата Авицена Женска трка во Скопје

Објавено пред

на

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 11то издание со над 3000 учеснички, што е нов рекорд на натпреварувачки.

Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно.

– „Со денешната 11та Авицена Женска трка, со поставен рекорд од 3000 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум среќна што оваа трка од година во година привлекува сѐ поголем број  натпреварувачки. Ги поканувам сите заинтересирани да се пријават и земат учество на трките во наредниот период, а секако ги чекаме и наредната година на 12тото издание на Авицена Женска трка.”, изјави Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје.

Во прилог неколку фотографии од настанот:

Скопје

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат.

Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31).

Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, соопшти МВР предмалку.

Прочитај повеќе...

Скопје

Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.

Прочитај повеќе...

Скопје

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.

По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (11 јули)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

Македонија16 часа

ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни

На 10.07.2025 година, до 18:30 часот, има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои 9 се активни, 4 се...

Скопје17 часа

Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници...

Македонија20 часа

(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка

Во рамки на преземените обемни активности околу состојбата со пожарите во скопскиот регион, вчера (09.07.) на подрачје на ЕВР Гази...

Магазин23 часа

Овој скриен режим го забавува вашиот Android телефон – еве како да го исклучите и повторно да добиете брзина

Ако вашиот телефон стана бавен преку ноќ – апликациите се отвораат бавно, скролувањето „шкрипи“, а екранот реагира со доцнење –...

Магазин23 часа

YouTube најавува построги мерки против видеа генерирани со помош на вештачка интелигенција

YouTube се подготвува да ги ажурира своите правила за да ја ограничи можноста на креаторите да монетизираат „неавтентична“ содржина –...

Кичево1 ден

Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и...

Македонија1 ден

ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден

Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (10 јули)

Овен Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа...

НАЈЧИТАНИ