Кичево
(ФОТО) Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование
Кичевските матуранти, генерација 2019-2023 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци.
Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија читиригодишната дружба од средното образование.
Среќно понатаму, ПортаМК вечерва ви посакува да си поминете најубаво!
ФОТО: Од група матуранти
Кичево
Кичевчанец бил физички нападнат во семејниот дом од членови на неговото семејство
На 05.01.2025 во 23.10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека 31 – годишник од Кичево во семејниот дом бил физички нападнат од членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, за порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
Со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ денес најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња го најавија Христовото раѓање – Божиќ низ кичевските улици. И оваа година благодарение на својот ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои неуморно беа ангажирани, со поддршка од кичевското свештенство и нас, се реализираше традиционалната „Бадникова Поворка“ во Кичево.
Како и секоја година така и оваа традицијата продолжи движејќи од кичевскиот храм „Св.Петар и Павле“ по ул. „Маршал Тито“, ул. „Рудничка“, бул „Ослободување“ за на крај поворката да заврши пред големиот и најубав украс на градскиот плоштад во непосредна близина на нашата црква, каде започна и Божиќниот концерт кој го водеше еден од најдобрите актери на сите времиња, г-дин Владо Дојчиноски. Прекрасни каланди, одлична атмосфера ни приреди оркестарот на Хор „Козма Пречистански“, а за нештото да го добие она најдоброто „Хуманитарниот Божиќен Базар“ беше неколку часа отворен за сите посетители.
Ја користиме оваа прилика, додека сме кај „Хуманитарниот Божиќен Базар“ кој благодарение на вас функционира, вечерва и утре нема да работи со цел големите Христијански празници. Со програма се враќа за последните два завршни денови 8-ми и 9-ти јануари од 18:00ч, со спектакуларна програма за сите посетители.
- 8-ми јануари (Концерт на естрадните уметници од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Марко Тодороски, ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајстори, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
- 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука Лазарески, Скара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Маскоти, исто така Богата лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет, со кој ќе го затвориме овој прекрасен Базар)
Што се однесува на Бадник и бадниковите активности, помеѓу луѓето кои ги заслужуваат сите почести се и оние кои секоја година се мобилизираат за транспорт на „Бадникови гранчиња“, а годинава со своите возила дефилираа низ кичевските улици до сега во рекорден број.
Во прилог ви ја претставуваме нај радосната галерија преку нашиот објектив и објективот на Јове Ангелески, од нашите пријатели „Фото Зоран“, доколку ви треба некоја од фотографиите, пишете ни порака ТУКА
Кичево
Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање
Драги наши, со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ утре најмилите дечиња со ѕвезди во рачиња ќе го најават Христовото раѓање – „Божик“ низ кичевските улици. Благодарение на неуморниот наш ментор Бошко Сарафилоски и родителите кои беа ангажирани, се разбира со поддршка од кичевското свештенство и нас, и оваа година ќе допреме до срцата на сите православни христијани.
Програмата за утрешниот ден 06 јануари е следна:
– Бадникарите организираат одење по „Бадникови гранчиња“ со тргнување од пред градскиот храм Св.Апостоли Петар и Павле во 10:00 часот, додека вечерта ќе се благослови и ќе се подели бадниково гранче по завршувањето на Вечерната богослужба која ќе почне во 16:00 часот.
– Час потоа, „Бадниковата поворка“ исто така ќе тргне од пред нашиот храм во 11:00 часот.
– Хор „Митрополит Козма Пречистански“ – голем „Божиќен Концерт“ на градскиот плоштад во Кичево, со многу гости, веднаш по завршување на „Бадниковата поворка“, 12:00 часот.
– „Хуманитарен Божиќен Базар“ продолжува вечерва од 18:00 часот: „Dj Vix Alex“, Игротека „Гнездо“, „Дружење со Маскоти за најмалите“, „Атрактивен Воз“, „Лотарија, Рингишпил, Пијалоци и Храна“
Бонус видео од ланската „Бадниковата поворка 2024“:
Инаку, Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на свечените Божикни празнувања кои започнуваат утре наутро, со благослов на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената бигорска Обител. Од манастирот ги покануваат сите верници кои сакаат да го прослават светлото Рождество Христово да им се придружат на богослужбите и празничните активности.
– „Со радост ги повикуваме сите верници да го прослават светлото Рождество Христово во нашата свештена Обител. Ова е време на заедништво, молитва и духовна радост, каде што секој е добредојден“, соопштија од Бигорскиот манастир.
Утре, во 7:30 часот, ќе започне Божествената литургија во чест на Светиот отец наш Наум Охридски, а вечерната богослужба е закажана за 16:00 часот. Понеделничките активности започнуваат со утрена богослужба во 6:30 часот, следена од царските часови за Рождество Христово во 7:30 часот, и завршуваат со голема вечерна богослужба и Света Василиева литургија во 9:30 часот.
Во предвечерието на големиот празник, од 18:00 до 19:30 часот, ќе се организира Бадникова закуска проследена со традиционалното пеење на божикни каланди. Празнувањето ќе продолжи со сеноќно бдение кое започнува во 21:00 часот. На бдението, кое ќе вклучи големо повечерие со литиски и стиховни, утрена и Божествена Василева литургија, ќе чиноначалствува владиката Партениј.
„Празничните богослужби се можност за духовно зближување и радост во чест на Рождеството Христово. Ги покануваме сите да бидат дел од оваа голема духовна прослава“, додаваат од манастирот.
Божикните активности во Бигорскиот манастир ветуваат свечена атмосфера исполнета со молитва, духовно единство и традиционални обичаи, кои го одбележуваат значењето на овој голем христијански празник, пренесуваат колегите од „tocka.com.mk“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 јануари)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (6 јануари)
-
Кичево1 ден
Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање
-
Кичево2 часа
(ФОТО+ВИДЕО) Празник за очи, радост за душа, топлина за срце, денес во Кичево се одржа најголемата „Бадникова Поворка 2025“, дечињата во еден глас го најавија Христовото раѓање!
-
Македонија22 часа
Вечерва регистриран земјотрес во Македонија, епицентарот бил северозападно од Скопје
-
Автомобили1 ден
Речиси половина од сите нови автомобили во изминатата 2024 година беа претставени од Кина
-
Култура22 часа
Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!
-
Автомобили11 часа
Tesla го забележа првиот годишен пад на испораките во историјата