Кичево
(ФОТО) Со скромна свеченост денес се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија „Мирко Милески“
Денеска со скромна свеченост се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија – ОСУ „Мирко Милески“. Настанот започна со говор на директорот г-дин Бранислав Стојаноски, кој ја истакна важноста на традицијата, посветеноста и заедништвото во образованието.
Свечената програма беше збогатена со настапи од:
Рецитали на нашите ученици
Училишниот хор
Училишниот бенд – под раководство на Проф. Горан Делевски.
Ликовна изложба – под раководство на Проф. Мирослав Крстески’
Со посебна почит беа одбележани и заслужните пензионери – поранешни вработени кои со својот труд и посветеност оставиле траен белег во развојот на училиштето. Ним им беше оддадена благодарност и признание за долгогодишниот придонес.
Со гордост ја продолжуваме традицијата и ги негуваме вредностите што ги оставиле генерациите пред нас!
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна
Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (22 октомври)
-
Магазин2 дена(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Хороскоп5 часаХороскоп за четврток (23 октомври)
-
Lifestyle2 денаЗа само 10 минути, вашите фуги ќе блеснат како нови: трик што ја враќа белината без многу трошок
-
Lifestyle17 часаНајефикасниот начин за отстранување на мувла од ѕидовите, според експертите
-
Магазин16 часаКрем супа од печурки – вкусен и лесен рецепт за топол оброк
-
Магазин17 часаOpenAI влегува во војната на прелистувачите: ChatGPT Atlas ја носи вештачката интелигенција директно на интернет
-
Магазин17 часаWhatsApp воведува нова мерка против спам: ограничување на бројот на пораки
