Македонија
(ФОТО) СВР Охрид денес одржа работен координативен состанок со повеќе служби
На иницијатива на СВР Охрид, денеска во општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, пазарниот општински инспекторат, трудова инспекција, инспекторат за туризам, јавните претпријатија како и претставници на хотелско-угостителските објекти.
Целта е поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници.
На работната средба, претставниците на СВР Охрид и на службите кои вршат дејности од јавен интерес, договорија интензивни засилени мерки со цел, Новогодишните и Божиќните празници во Охрид да помиат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план, беше договорена тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно делување на целото подрачје.

Ваква координативна средба, СВР Охрид ќе оствари и со Агенциите за обезбедување кои, согласно Законот за обезбедување имаат надлежности при физичкото обезбедување на објектите во градот со цел одговорна и доследна примена на нивните овластувања.
Од агенциите ќе се бараат ажурирани безбедносни оперативни планови и прецизни прегледи на угостителските објекти со кои имаат склучено договори за обезбедување во текот на претстојните Новогодишни и Божиќни празници како и информации за одредени безбедносни согледувања и проблеми на терен кои можат да влијаат врз степенот на безбедноста на подрачјето.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Хороскоп15 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Здравје и убавина17 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
