Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија
На вечерашнава прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека на територија на пријателска Турција е пронајден и лишен од слобода и главниот креатор, планер, координатор и директен извршител на неколкуте кривични дела поврзани со монструозното двојно убиство во Скопје и во Велес. Министерот Спасовски информираше дека штотуку е добиено и официјално известување од колегите од Турција, а пронаоѓањето соодветствуваше на оперативните сознанија на македонското МВР во врска со патеката на движење на осомничениот.
– „Тоа беше и последната алка од овој грозоморен чин, која ни недостигаше за да кажеме дека сме завршиле сѐ што беше во надлежност на МВР сосема да ги разобличиме сторителите на ова свирепо двојно убиство, кое длабоко нѐ потресе сите, од најмладо, до најстаро.
Вчера попладне, на барање на нашето Министерството за внатрешни работи, беше распишана итна меѓународна потерница од страна на Интерпол за Љ.П. од Скопје, лице барано за истрага на тешки кривични дела „грабнување” и “убиство“, по издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје. Тоа е т.н. ЦРВЕНА ПОТЕРНИЦА која во истиот момент стана видлива во целиот свет, во сите земји членки на Интерпол“, истакна министерот Спасовски, упатувајќи посебна благодарност за соработката најпрво до Република Турција, како и до Република Србија и Република Бугарија, на чии територии водеше патеката на движење на осомничениот, но и на Република Хрватска, која самоиницијативно извести дека веќе извршила проверки на нивната територија.
– „Секако, би сакал да се заблагодарам и на досегашната одлична соработка во рамки на Интерпол, а длабоко во себе верував и посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо. Сега веќе можам да кажам дека нашето заврши, а постапката за определување на екстрадиционен притвор за него продолжува од страна на Министерството за правда сѐ додека лицето не биде спроведено во нашата држава, а потоа и веднаш изведено пред лицето на правдата. Правдата е совест, не лична, туку совест на целото човештво. Затоа, ако сакаме мир во душите, правдата мора да биде брза, целосна и до крај спроведена“, истакна министерот Спасовски.
Инаку кривичната пријава против петте лица е веќе изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доказите приложени во неа и предадена на Основното јавно обвинителство.
Со неа се опфатени пет лица, од кои еден за грабнување и за убиство, тројца за грабнување и за соизвршителство при убиство и еден за помагање при грабнување, предвидени со нашиот Кривичен законик, кои се осомничени согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражната постапка.
Македонија
Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 32,883 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1)изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава
СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с.Равен, гостиварско, се оддалечила од домот, а подоцна на безбедносните камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон. Исто така, тој пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. На 11.12.2025 во 02:15 часот, С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.
По преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видео записи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А.. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти МВР.
Македонија
МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница
Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М. водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник С.Ј. а биле присутни и водителот М.Н. и камерман.
Подоцна е утврдено дека станува збор за лице со здравствени проблеми, кое претходно било спроведувано во Психијатриска болница Бардовци.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против Г.С. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Министерството за внатрешни работи и во иднина брзо и неселективно ќе ги санкционира сите случаи на напади на новинари или друго нарушување на јавниот ред и мир и против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Претходно и ЗНМ истакна соопштение околу овој случај кое гласи:
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата.
Според информациите од колегите од Инфомакс, непознато лице пристигнало со такси пред редакцијата за време на емисијата. Напаѓачот започнал агресивно да удира и тропа по влезната врата, која била заклучена и обезбедена со шифра. По кратко време, успеал насилно да ја скрши и да влезе во дворот на редакцијата. Во моментот кога екипата направила пауза од емитувањето, новинарот Милош Милошевски излегол да провери што се случува. Напаѓачот, продолжил да се движи кон другиот дел од објектот, каде што со сила искршил уште една врата обидувајќи се да стигне до студиото
Според сведочењата нa колегите, лицето упатувало навреди и закани по живот, а насилното упаѓање во редакцијата довело и до насилно прекинување на емитувањето на програмата, со што директно било спречено новинарите да ја вршат својата професионална должност и слободно да информираат.
Ваквото однесување, може да биде опфатено со одредбите од член 382 од Кривичниот законик Спречување службено лице во вршење службено дејствие, со предвидени казни до три години затвор, со оглед дека напаѓачот насилно упаднал во студиото, кршел инвентар и насилно ја прекинал работата на новинарите а со тоа и нивната обврска слободно да информираат.
Овој инцидент претставува сериозно нарушување на безбедноста на медиумските работници и директен напад врз слободата на изразување. Настанот уште еднаш ја потсетува јавноста и институциите на неопходноста од обезбедување безбедна и заштитена средина за работа на медиумите.
Бараме најстрога санкција за сторителот, со цел спречување на идни напади и нулта толеранција кон насилство врз новинари.
Очекуваме сите надлежни институции, вклучително и полицијата и обвинителството, да постапат професионално, ефикасно и без одлагање, со цел случајот целосно да се расчисти во најкус можен рок.
ЗНМ ќе продолжи внимателно да го следи случајот и ќе реагира секогаш кога е загрозена безбедноста на новинарите и медиумските работници.
-
Кичево18 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Кичево22 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (12 декември)
-
Кичево11 часа(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хороскоп9 часаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Временска прогноза2 денаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Кичево2 денаВо ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена
-
Македонија2 денаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
