Кичево
(ФОТО) Во Кичево ЕВН постави две платформи за Штркови и ги реши проблемите со критичните гнезда

На наше задоволство и на жителите од град Кичево, кои имаат свои живеалишта во близина на далеководите каде речиси секој период птиците преселници правеа живеалишта, решен е проблемот и на две места се поставени платформи за Штркови
Претходно назад низ годините, гнездата направени директно на бандерите претставуваа голем проблем за птиците, но и за живеалиштата.
Благодарение на ЕВН Македонија, едната платформа е поставена на низок напон 0,4, додека другата е на среден напон 35 kV, со кои се решаваат досегашните проблеми, така што од сега Штрковите ќе бидат безбедни да свијат гнездо и да ги растат малите штркчиња.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна органзација, „Манастир Пречиста-Кичевска Коњаница“ иако со закаснување поради оправдани причини, односно пристигнаа покасно, денес секако дека беше вистинска атракција во центарот на град Кичево, каде пристигнаа пред портите на нашиот храм, заштитник на град Кичево , Св.Апостоли Петар и Павле.
И оваа година најмладите најмногу им се израдуваа на учесниците облечени во комитски носии и нивната коњаница, предводена од Орце Богданоски кој за прв пат неговата желба стана реалност да биде учесник, но и Војвода.
Вечерва збиднувањето ќе биде во с.Козица, каде е предвидена централна прослава со жива музика.
Честитки, нека е вечна традицијата.
Галерија преку нашиот објектив:
Кичево
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“

И оваа година „Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ ќе земе учество на традиционалниот ден „Илинден“ во Крушево, каде со своја коњаница ќе учествува на еден од најмакедонските денови во годината. Тоа значи еден вид оддавање почит кон илинденските идеали. Најпрво во нашиот Манастир „Св.Богородица-Пречиста“ утре – понеделник (28.07.2025 г.) ќе се отслужи Богослужба со Литургија во 08 часот, потоа се пристапува кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Потоа следува поаѓање од Манастирот Пречиста низ селата Манастирско Доленци и Србјани кон градот Кичево, така што во 12:00 часот е предвидено „Кичевската Коњаница“ да пристигне во Кичево и да се упати кон светиот храм „Св.Апостоли Петар и Павле“
Дојдете во што поголем број да ги пречекаме учесниците и заедно да ги испратиме до славно Крушево!
Вечна да биде традицијата!
Агенда:
Кичево
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!

Денеска нешто по 13 часот во месноста големо Црско помеѓу с.Белица кичевска и с.Цер беснее голем пожар. Дополнителни проблеми создава силниот ветер кој ги насочува пламените јазици дел према месноста Турла, дел према село Цер. Помеѓу локалитетот големо и мало Црско изградена е црква Св.Гоерги.
Претходно мештаните од село Белица на својата фејсбук страница алармираа за овој пожар и за сериозноста на истиот
Во моментов исто така добивме информација дека пожарот се гасне со сите расположливи средства, учествува и блиското население и ТППЕ Кичево. Кон тој регион забележан беше авион „Ер Трактор“
Во контакт сме со ТППЕ Кичево кои преку нашиот медиум ја известуваат јавноста и упатуваат апел до населението да не се движи према регионалниот пат, бидејќи постои опасност пожарот да беснее во непосредна близина.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!
-
Хроника1 ден
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице
-
Кичево8 часа
(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!
-
Кичево1 ден
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (27 јули)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (28 јули)
-
Lifestyle1 ден
Што се случува со вашето тело ако јадете 2 јајца дневно?
-
Македонија7 часа
МВР со пофалби за СВР Охрид, Граничното управување, РЦ за ГР Запад е во континуирано подобрување на оперативната ефикасност