Кичево
(ФОТО) Во Манастир „Пречиста“ отслужена Пасхална литија до Господинец по повод „Балаклија“
Во склоп на сеопштата пасхална радост на оваа седмица, најсвета од сите, во овој Светол Источен петок, посветен на причинителката на радоста, Пречистата Богородица, во Манастирот Пречиста над Кичево, нашиот Старец Епископ г. Партениј отслужи Божествена Литургија, во присуство на браќата и сестрите од нашата монашка заедница и на многубројни верници, притекнати да нацрпат благодат од живоносните струи на Пречистата.
Всушност, празнувавме нејзин Живоприемен Источник во Константинопол, наречен Балаклија.
Инаку како што веќе е познато традиционално за овој ден, г. Партениј богослужи во Крнинскиот манастир на Онаа Која е изворот на секоја добрина, на секој добар дар и возбожение, оти ни Го роди Христа добротворот, дародавецот и воскресителот.
Оваа торжество беше заокружено со свечена пасхална литија во живописната околина на Манастирот, на местото Господинец, каде што пострадале Светите Пречистански Преподобноновомаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.
На тоа осветено место, Старецот го изврши чинот на пасхалниот водосвет, после што литијата се врати во Манастирот, каде што продолжи радосното ликување.
Христос воскресе!
Неколку фотографии од настанот, додека останатите може да ги погледнете на официјалната вест од Бигорскиот Манастир ТУКА
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија14 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија10 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Временска прогноза11 часаНа утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски



