Спорт
(ФОТО) Завршија активностите од проектот за осветлување на фудбалскиот стадион „Петар Милошески“ во Битола
Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на стадионот „Петар Милошевски“ и го пушти во употреба рефлекторското осветлување на фудбалската гордост во Битола.
На бетонски столбови долги речиси 50 метри поставени се повеќе од 250 големи светилки кои го ослетлуваат теренот и трибините на „Петар Милошевски“. Во последната фаза, се работи уште на калибрирањето на светилките.
– Обврските кои Фудбалската федерација на Македонија ги презеде за реконструкција на стадионот во Битола, целосно се завршени. Од поставувањето на тревна подлога со дренажен систем и систем за наводнување на тревникот, се до модерно и по стандарди на УЕФА рефлекторско осветлување. Средствата ги обезбеди ФФМ преку „Хет-трик“ програмите на УЕФА. Со изградбата на новата јужна трибина и со проектите кои ги реализиравме, Битола доби репрезентативен стадион, но исто така важно е дека покажавме дека заедно со локалната самоуправа можеме многу да си помогнеме за развој на фудбалот и инфраструктурата во еден од нашите најголеми фудбалски центри. Пелистер се врати во Првата лига и од есен ќе гледаме натпревари под рефлектори во Битола, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Спорт
74 конгрес на ФИФА во Бангкок: Светското првенство за жени во 2027 да се одржи во Бразил, како најважна точна на дневниот ред
На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското првенство за жени во 2027 година да се одржи во Бразил. Изборот на домаќин на Светското првенство за жени беше најважната точка на дневниот ред на Конгресот на ФИФА што се одржа во Бангкок.
Земјите членки на ФИФА одлучија домаќинот да му го доделат на Бразил, кој со 119 гласа победи пред кандидатурата на Белгија, Германија и Холандија кои добија поддршка од 78 земји. Десеттото издание на женското светско првенство за првпат ќе се одржи во Јужна Америка, а титулата светски првак ќе ја брани репрезентацијата на Шпанија.
Конгресот го усвои и годишниот извештај за 2023 година, предлог-буџетот за 2025 година и измените на Статутот на ФИФА.
– „ФИФА го финансира фудбалот ширум светот. Приходите што ги генерираме не одат за одреден број клубови, туку одат во сите 211 земји членки. Нашата мисија е да го развиваме фудбалот ширум светот, бидејќи 70 отсто од земјите членки не би имале доволен приход без придонес на ФИФА“, истакна претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Делегацијата на Фудалската федерација на Македонија ја предводеше претседателот Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.
https://www.youtube.com/watch?v=1fucSuUI1lY
Спорт
Фудбалските судии во првата, односно втората македонска фудбалска лига супериорни во 32-то коло од првенството
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 32 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Тиквеш-Фк.Воска одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 14 минута.
„Главен судија: Димтар Пилешков. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.
14 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа и пред да ја прими топката минимално беше повлечен за рака од противнички играч, по што падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи бидејки влечењето беше минимално, без интензитет и недоволно за пенал.
На натпреварот Фк.Шкупи-Фк.Брера одигран на 12.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 29 минута.
„Главен судија: Крумислав Ѓорѓиев. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
29 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( За сигнализирано офсајд позиција на домашен играч и поништен гол на домашната екипа, при резултат 0:0)
Играч на домашната екипа центрираше во 16-сетникот на гостиснаката екипа, топката дојде до друг ирач на домашната екипа и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија што сигнализираше офсајд и што го поништи голот бидејки во момент на центаршутот од својот соиграч, играчот на домакините се наоѓаше во недозволена позиција (позади предпоследниот играч на екипата на гостите).
Помошниот судија во оваа ситуација беше добро поставен, во линија со предпоследниот играч на гостинската екипа и имаше исправна проценка на оваа тешка ситуација.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, додека на натпреварите од ВТОРA МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
ЖФК Љуботен втора година по ред освојувач на Купот на Македонија во фудбал
Женскиот фудбалски клуб Љуботен втора година по ред е освојувач на Купот на Македонија, откако денеска на градскиот стадион во Велес, во реприза на минатогодишното финале успеа да издвојува минимална победа со 1:0 над екипата на Каменица Саса.
Aлександра Марковска е стрелецот на единствениот погодок и тоа директно од корнер на денешната финална средба во 90. минута.
ЖФК Каменица Саса: Фереира Да Силва, Гонзалс Руеда, Делгадо Бенедито, Иригучи Наноска, Ана Димитровска, Радица Велкова, Стефанија Маринковска, Драгана Костова, Фрагосо Туане, Елена Панеска, Стефанија Ристова
Тренер: Зоран Златковски
ЖФК Љуботен: Магдалена Лекоска, Ива Јованоска, Павлинка Николовска, Александра Марковска, Елена Симјанова, Наталиа Луана, Кармо Мартинс, Елена Петровска, Бојана Петкова, Христина Јошевска, Алваренга Диас
Тренер: Елена Петровска
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО+ФОТО) Жива е Македонија! Со песна, оро и дефиле денес кичевските матуранти го завршија средното образование, честитки!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (18 мај)
-
Хороскоп16 минути
Хороскоп за недела (19 мај)
-
Македонија1 ден
Старица од Прилеп измамена на телефон за наводно случена сообраќајка на нејзина внука
-
Магазин12 часа
Доаѓа iPhone Slim и ќе биде најскапиот модел во серијата
-
Автомобили2 дена
Tesla ќе потроши 500 милиони долари за мрежа за полнење
-
Магазин12 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 се појави во листата на Geekbench
-
Магазин12 часа
Apple ќе ги продава Vision Pro надвор од САД