Спорт
Судиска анализа на 30-тото коло од првата фудбалска македонска лига, забележана погрешна проценка на мечот „ФК Гостивар и ФК Шкупи“
Фудбалската федерација на Македонија денес ја истакна својата судиска анализа, од судиската комисија која ги разгледа спорните моменти од 30. коло на првата македонска фудбалска лига и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФK Силекс – ФК Работнички одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.
Главен судија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Давор Цветановски.
81. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа странично од голот центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, при центаршутот топката удри во раката (која беше во неприродна положба, одвоена од тело) на играч на домашната екипа.
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволена игра со рака (неприродна положба и одвоена од тело) на домашен играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот
На натпреварот ФК Гостивар – ФК Шкупи одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 86. минута.
Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
86. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (за сигнализирано офсајд позиција на гостински играч и поништен гол, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа центрираше во 16-сетникот на домашната екипа, топката ја прими играч на гостите кој во момент на додавање на топката беше во иста линија со претпоследниот играч од екипата на домаќините, со тоа што ногата на домашниот играч беше за 20 см. понапред, топката се одби и играч на домаќините си даде автогол. Премногу тешка ситуација за проценка за асистентот судија.
Иако помошниот судија беше во одлична позиција и во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините и ситуацијата беше премногу тешка за проценка, сепак одлуката беше погрешна, бидејќи играчот на гостите при додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Струга Трим Лум одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 45 и 75 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Кристијан Џонов и Ристе Ѓорѓиев.
45. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:0)
Играч на гостинската екипа даде долга топка во 16-сетникот на домаќините странично од голот, на неа тргнаа голманот на домаќините и играч на гостите, играчот на гостите прв стигна до топката, ја удри на страна и потоа дојде до минимален контакт со ногата на голманот, но при контактот голманот не направи никакво движење со ногата за прекршок.
Исправна проценка на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи контактот помеѓу голманот на домаќините и играчот на гостите беше минимален и притоа голманот не направи никакво недозволено движење со ногата за да се досуди пенал.
75 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 1:1)
Играч на гостите од корнер центрираше топка во 16-сетникот на домаќините, топката одеше кон друг играч на гостите, но беше спречен да игра со топка од противнички играч поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет).
Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа, поради недозволен старт (очигледно влечење за дрес со силен интензитет) на играч на домашната екипа над противнички играч.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.
На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П – ФК Воска одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 18 минута.
Главен судија: Игор Иванов. Помошни судии: Зоран Јанкуловски и Владимир Митревски.
18 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа беше во посед на топка странично во 16-сетникот на домашната екипа, сакајќи да помине противнички играч дојде до контакт (играчот беше статичен и не направи никакво дополнително движење со телото) и гостинскиот играч падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, дуелот беше коректен и домашниот играч не направи никакво недозволено движење со ногата (стоеше статично).
На натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера А.П. одигран на 01.05.2024 година, анализирани се ситуациите од 38 и 50 минута.
Главен судија: Ивана Пројковска. Помошни судии: Бранко Путилин и Мартин Петковски.
38. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домаќините беше во посед на топка странично (близу корнер линијата) во 16-сетникот на гостинската екипа, играчот на домаќините ја удри топката во ногата на противнички играч, топката потоа се одби и удри во раката (која се наоѓаше во природна положба и кратко растојание помеѓу играчите) на друг играч на гостинската екипа.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи топката се одби од ногата на гостиснки играч и удри во рака на свој соиграч, каде раката му беше во природна положба и близу телото.
Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен со јасна прегледност и близу настанот.
50. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домаќините прими топка од соиграч во 16-сетникот на гостинската екипа, истиот играч ја удри топката и дојде до контакт (тело со тело) со противнички играч, по што домашниот играч падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи дуелот (тело со тело) беше коректен и немаше никаков недозволен старт од играчот на гостите.
На натпреварот ФК Брегалница Штип – ФК Вардар одигран на 01.05.2024 година, анализирана е ситуацијата од 44 минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Слаѓан Марковски.
44 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:1)
Играч на домашната екипа упати долга топка во 16-сетникот на гостинската екипа, негов соиграч ја прими топката, при примањето на топката минимално и без интензитет беше повлечен за дрес од противнички играч и играчот од тој контакт падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи повлекувањето за дрес на играчот на гостите над домашниот играч беше минимално, без интензитет и недволно за пенал.
Судиска анализа за 27. коло од ВТОРА МФЛ за сезона 23/24
На натпреварите од 27. коло од Втора МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Петраков: „Моите играчи вечерва како да не ги препознав, товарот за негативниот резултат со играч повеќе го преземам лично“
Олександр Петраков после мечот на прес конференција додаде збор-два за неговата селекеција, односно за поразот на градски во Скопје. За нив овој меч беше прв загубен по триумфот против Летонија од 4:1
Петраков: „Искрено моите играчи вечерва како да не ги препознав, односно моето посочување во соблекувалната момчињата не го применија, можеби дождливото време, концентрацијата или измореноста го направи своето, но тоа е фудбалот, продолжуваме понатаму и ќе се обидеме во Лига на Нации да освиме повеќе бодови, овој пораз иако срамен за нас со играч повеќе, товарот го преземам јас, не вреди критика-плус за нашите момчиња, бидејќи ја победивме Летонија – и тогаш ги фалевме.“, за медиумите изјави селекторот.
Спорт
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
Македонската репрезентација дојде до првата победа во четвртото издание на Лига Нации со победата над Ерменија вечерва со резултат 2:0 и тоа со 10 играчи. Оваа победа беше една од најбитните бидејќи противничката селекција на Ерменија беше директен конкурент за првото место во групата.
Со голот на капитенот Енис Барди во 70-тата минута од слободен удар, Македонија дојде до посакуваното водство, додека Миовски ја покажа големината и неговата форма со голот за 2:0 по дриблинг пред голот.
Со оваа победа Македонија дефакто се врати во игра за првата позиција, после она разочарувачко реми на Фарските Острови – кое треба да се заборави час поскоро и да се гледа напред!
На крај забележителен беше моментот на нашите два најголеми „асови“ Енис Барди и Елиф Елмас – во прегратките на селекторот Милевски, емоции и моменти, па се чини хармонијата во репрезентацијата и не е така лоша, односно според нас, досегашната резултатска криза која веруваме дека ќе се надмине претходно доминираше, додека поволен резултат и тоа како добро доаѓа.
Со среќа момци!
Македонија се сака и кога губи и кога победува, одиме понатаму!
Македонија: Димитриевски, Ашковски (83. Манев), Муслиу, Зајков, Димоски, Дав. Бабунски (46. Серафимов), Алими (59. Атанасов), Барди, Елмас, Миовски, Чурлинов (4. Ќамили, 59. Костадинов).
Селектор: Благоја Милевски.
Ерменија: Чанчаревиќ, Харутунјан, Харојан, Калисир, Тикнизјан (66. Григорјан), Спертсјан, Иву, Хофханисјан, Севикјан (66. Бичакчјан), Ранос (46, Серобјан), Зеларјан.
Селектор: Олександр Петраков.
Голови:
Enis Bardhi hunts Armenia with this great freekick!
pic.twitter.com/JDB37TGlav— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 10, 2024
Спорт
Момчињата на Канатларовски стигнаа до својата трета победа во група Ц
Младата репрезентација на Македонија до 21 година во последниот натпревар од септемврискиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство 2025 успеа да забележи победа со 2:0 над селекцијата на Гибралтар.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски ја остварија третата победа во рамките на групата Ц од овие квалификации.
И во првиот натпревар помеѓу овие две селекции во Скопје, на националната арена „Тодор Проески” Македонија успеа да забележи победа со минимални 1:0.
Ване Крстевски во 24. минута ја доведува Македонија до предност, по одличното проигрување од Адеми.
Адеми во 42. минута ги поставува конечните 2:0.
Македонија: Алчевски, Деспотовски, Рамадани (78. Ангелов), Стојчевски, Џеков, Николов (90. Мелиќи), Фета (66. Чилафи), Крстевски, Исаки (45. Ѓорѓиевски), Трпчевски (90. Рамани), Адеми;
Селектор: Драги Канатларовски;
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (10 септември)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за среда (11 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (9 септември)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Сообраќајка на влезот пред Демир Хисар предизвика сообраќаен метеж
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва драстична промена на времето во Македонија, ова се последните метео вести
-
Култура9 часа
Денес е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно
-
Спорт10 часа
(ВИДЕО) Репрезентацијата на Македонија пресилна на „Тодор Проески“ и со 10 играчи против Ерменија
-
Временска прогноза11 часа
Дали грејната сезона оваа година ќе започне порано?