Спорт
Франција ја оправда фаворитската улога со победата врз младата репрезентација на Македонија до 17 години во фудбал
Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го забележа вториот пораз во овие квалификации од фаворитот во групата, селекцијата на Франција.
Триколорите во второто коло од групата 9 во рамките на квалификациите за пласман на ЕП против Македонија славеа победа со убедливи 4:0, оправдувајќи ја фаворитската улога на денешната средба.
Стрелец на првиот погодок за Франција беше Крупи во 22. минута. Четири минути подоцна Бунеб погоди за предност на полувреме од 2:0. Анес Мељиќи во последните минути од првото полувреме заработи директен црвен картон.
Во продолжението, репрезентацијата на Франција постигна уште два погодоци. Ламборде во 71. минута постигна погодок за водство од 3:0. Конечните 4:0 беа дело на Мепију во 79. минута од средбата.
Во последното коло од мини квалификацискиот турнир, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ ќе играат против селекцијата на Луксембург.
Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот на Македонија Ѓ.П. селекцијата на Исланд забележа победа над Луксембург со 3:1.
Македонија: Вргов, Ајетовиќ, Љубевски, Мељиќи, Али, Подграѓа, Јовановиќ, Коцев, Манојлов, Сековски, Алији
Селектор: Вујадин Стганојковиќ
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево22 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хроника21 минутаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија1 часСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
