Следете не

Случувања

(ВИДЕО) Фрлен солзавец на настапот од Горан Бреговиќ на Фестивалот на пивото во Корча, Албанија

Објавено пред

на

Познатиот музичар Горан Бреговиќ вечерва настапи на фестивалот на пивото во Корча во Албанија, но се случил инцидент што предизвика конфузија и несакани реакции на посетителите, пренесуваат албанските медиуми.

Имено, кога настапувал Бреговиќ како што се известува бил фрлен солзавец, па многумина одлучиле да го напуштат фестивалот. Децата и постарите лица панично истрчувале кон излезот, додека на едно лице му била укажана медицинска помош и завршил во Итната помош.

Откако ситуацијата се смирила, концертот продолжил, а по оваа информација, контактиран е тимот на Бреговиќ, кој се уште не коментира што се случило – пишуваат албанските медиуми.

 

Извор: Faktor.al
ВИДЕО: Т7 (YouTube)
ФОТО: printscreen / youtube – Goran Bregovic – Bella Ciao

Временска прогноза

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Објавено пред

на

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите од снег ќе се прошират и во останатите предели, а ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните предели каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а истата на планините ќе се зголемува. Мала снежна покривка ќе се формира и во останатите места, освен во централните и во југоисточните предели. Ќе започне да дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Утре температурите ќе бидат значително пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 4 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела времето ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Автор: Славчо Попоски
Фото: Pixabay

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Објавено пред

на

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го пронајде Светиот крст. На него Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона.

Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Љубојна“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.

Релативно искусно и рутински најубавиот пренос преку социјалните мрежи јутјуб и фејсбук го направија нашите пријатели од „2С Студио“ потпомогнати од нас и останатиот дел од нивните пријатели.

Од екипата на „livestream.mk“ од „2С Студио“ упатувам голема благодарност до сите, вклучувајќи и вас што го потпомогнавте реализирањето на овој настан, иако толку беше времето успеавме повторно да го пренесеме најголемиот христијански празник како што доликува, виден од речиси 1 милион луѓе за еден ден. Што се однесува до техниката и поставеноста на истата – надвор на терен бевме со 6 камери + 1 дрон, кои беа распоредени на најактуелните места каде граѓаните можеа да ги доловат сите квалитетни кадри (2 од црква – пристаниште, 2 харбор камери, 1 камера кај пливачите, 1 камера на кале и дрон камера за од воздух). В година здравје ќе се потрудиме да го направиме овој спектакл уште подобро пренесен –  за нашиот портал додаде сопственикот и уредник на „2С“ – Стојан Стојановски

Бог се јави!
– Навистина се јави!

Прочитај повеќе...

Македонија

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:

СКОПЈЕ – ЦЕНТАР: Сите станови и стопански објекти на ул. Партизански Одреди бр. 37 (Од 08:30 до 13:30 часот)
СКОПЈЕ – КАРПОШ: Дел од ул. Генерал Михајло Апостолски (Од 09:00 до 12:00 часот)
СКОПЈЕ – КИСЕЛА ВОДА: ул.Мариовска , ул. Мегленска и ул.Милан Мијалковиќ (Од 09:00 до 15:00 часот)

ЕВН КЕЦ Гостивар:

с.Маврово „делот покрај Скијачкиот Центар“ (Од 06:00 до 09:00 часот)

Инфо: Струја

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин10 минути

Google почнува да ги тестира Android игрите на Windows

Microsoft го најави Windows 11 со ветување дека ќе ги поддржува апликациите за Android, иако таа функционалност не беше подготвена...

Временска прогноза2 часа

Од вечерва западниот регион под снег, најава и за многу студено време после обилните врнежи, детали..

Во текот на вечерните и ноќните часови од запад ќе започнуваат врнежи од СНЕГ. Инаку, како што најавивме, утре врнежите...

Култура2 часа

Денес се традиционалните „Женски Водици“, додека именден слават Јован, Јована, Јана, Јоана.. за многу години!

Денес се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи...

Македонија2 часа

(ВИДЕО) Преносот овозможен во живо за „Богојавление Водици“ од Охрид еден од најследените преку социјални мрежи

Вчера по осветувањето на езерските води се случи најмасовното положувањето на Светиот крст, каде најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин...

Култура10 часа

Денес е Св. Јован, се верува дека на овој ден Св. Јован Крстител на реката Јордан го крстел Исус Христос.

Православните христијани денес на 20 јануари го прославуваат празникот Св. Јован бидејќи се верува дека на овој ден Св Јован...

Хороскоп17 часа

Дневен Хороскоп (20 јануари / четврток)

ОВЕН Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да...

Македонија18 часа

За утре најавен прекин на електрична енергија покрај „Ски центар Маврово“ и делови на град Скопје

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 20.01.2022 година – четврток, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија19 часа

И денешниот ковид-19 биланс е со над 2000 заболени, ова се официјалните бројки по градови

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп –...

Мобилни уреди21 час

Новите ажурирања на „Google play“ носат подобрување за вашиот Андроид телефон

Google неодамна почна да објавува што е ново во своите месечни ажурирања на Google Play по години едноставно воведување нови...

Временска прогноза1 ден

Ќе врне снег насекаде, ова се најновите метео вести

Денес и утре во текот на денот времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална...

НАЈЧИТАНИ