Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе одигра два контролни меча против Ерменија и Малта во Скопје
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на средина на месец јуни во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Ерменија и Малта. Двете пријателски средби, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе ги одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17:00 часот.
Првиот контролен меч го играме против селекцијата на Ерменија на 15. јуни, а пет дена подоцна е втората контролна пресметка против репрезентацијата на Малта.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски повика вкупно 25 фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);
Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);
Драги Канатларовски, селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година;
– Овие две контролни средби против Ерменија и Малта доаѓаат во еден незгоден момент, кога сезоната завршува и играчите привршуваат со клубските обврски.
– Нема да има големи промени во состав во однос на претходните собири. Повикани се играчите кои во последната година со својата професионалност,одлучност и голема желба за борба и докажување се наметнаа во оваа генерација на Македонија.
– Во составот се враќаат Алекс Златков од Шкупи и Луан Абази од Вил, кои поради повреди во своите клубови на минатиот собир не беа во можност да се стават на располагање на репрезентацијата.
– Димитар Трајков, фудбалерот на Академија Пандев, роден 2004 година со своите игри во последно време на клупско ниво и постигнатите 6 погодоци заслужи да биде повикан на овие два контролни натпревари против Ерменија и Малта. Се работи за фудбалер кој игра на крилната позиција и покажува одличен квалитет.
–Очекувам сериозен пристап од моите фудбалери, иако се работи за пријателски натпревари. Ова се последни подготовки, очекувам сите поставени задачи од мене и стручниот тим да бидат исполните, особено во тактичкиот дел од играта.
–Оваа репрезентација покажа голем квалитет и голема разновидност во самата игра. Очекуваме многу од оваа генерација, играчите се свесни и подготвени да го дадат максимумот за остварување на успех на претстојните квалификации.
Офанзивниот играч за врска, Лука Станковски поради повреда (операција на менискус) нема да биде во можност да се стави на располагање на селекторот на овој собир.
Натпреварите против Ерменија и Малта ќе бидат последни проверки за нашите млади фудбалери пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство во септември.
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево16 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево19 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза17 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Хороскоп5 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија14 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
