Спорт
Футсал: Македонија до 19 години против Германија и Косово
Македонската футсал репрезентација до 19 години од 19. до 21. јануари ќе ги одигра натпреварите против Германија и Косово од претквалификациите за пласман во главната фаза квалификации за Европско првенство.
Македонија е домаќин на турнирот кој го организираме во С.Ц. Јане Сандански во Скопје.
Нашата селекција претквалификацискиот турнир го отвора против Германија на 19. јануари (четврток) во 17:00 часот. Германија и Косово ќе се соочат ден подоцна во истиот термин, а нашата пресметка против Косово е закажана в сабота (21. јануари) во 17:00 часот.
Селекторот на македонската футсал репрезентација до 19 години, Зоран Лекиќ за натпреварите од претквалификацискиот турнир во Скопје, ќе смета на следните играчи:
Никола Спасовски (Железарец), Енис Фера (Арбен Бајрами), Стефан Тачев (Овче Поле), Малик Мемети (Арбен Бајрами), Милан Димитриевиќ (Академија ФФМ), Павел Русевски (Овче Поле), Кристијан Гавровски (Проект), Бојан Јанев (Проект), Игор Скеоаровски (Енхалон), Дамјан Ангеловски (Осогово), Никола Анчевски (Железарец), Стефан Груевски (Клими Кавадарци), Мустафа Шуајб (Карадаку), Јусуф Јосифовски (Јувентус), Теодор Наков (Мал Ајакс);
Спорт
Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска
Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска. Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.
Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора. Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2. април со почеток во 18. часот.
Во второто коло кое е на програмата на 3. април играме со домаќинот Хрватска, во 18. часот. На 5. април, со почеток во 13. часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.
Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
– Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман)
Спорт
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките на Купот на Македонија за млади категории.
Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.
Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.
РАСПОРЕД:
Младинци:
Пелистер – Беласица
А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.
Кадети:
Шкупи – Шкендија
Брегалница – Вардар
Пионери:
Пелистер – Работнички
А.П. Брера – Шкупи
Помлади пионери:
А.П. Брера – Шкендија
Пелистер – Победа
Спорт
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.
Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.
На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.
МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров, Андреј Силјаноски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.
Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево13 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево20 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Магазин2 дена
iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години