Следете не

Спорт

Избраниците на Лазаров пред нов предизвик, „Црвено-жолтите“ против „Лалињата“ на Светско првенство во ракомет 2023

Објавено пред

на

Архива

Денес, односно за нешто помалку од десет минути, (18ч) нашата најсилна ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против Холандија, која несомнено претставува доста спремна селекција освојувајќи го 10-то место лани на Европското првенство.

На „Таурон Арената“ избраниците на Лазаров во Краков се очекува да го дадат својот максимум и што побрзо да се заборави поразот од Норвешка.

Инаку како што знаеме, светското првенство во машка конкуренција кое се одржува во Полска и Шведска, е пренесувано во живо на МРТ.

Следете го натпреварот преку нивните официјални линкови во живо, кои се јавно достапни на нивниот веб сервис ТУКА

Спорт

Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ

Објавено пред

на

Оваа година ФФМ прославува уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем. За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана меѓународна работилница поврзана со UEFA клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.

На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.

На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.

На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ова се противниците за пласман во ЕП2025 на младата репрезентација на Македонија во фудбал до 21 година

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.

На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите  за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година.

Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024.

Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.

Квалификации за фудбалери до 21 година за пласман на ЕП 2025 во Словачка:

Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;

Група Б:  Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;

Група Ц:  Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;

Група Д:  Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;

Група Е:  Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;

Група Ф:  Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;

Група Г:  Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;

Група Х:  Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;

Група И:  Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ незапирлив! Гркот ќе мора подобро да се спреми и да почека за триумф!

Објавено пред

на

Архива @porta.mk

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен крал на Мелбурн! Кога и да оди во „Род Лејвер“ Арената да се бори за трофејот, српскиот тенисер едноставно не може да загуби, па продолжи да владее на Австралија опен – 10 трофеи во 10 финалиња.

Во моментов Стефанос Циципас беше единствениот способен да му се спротивстави бидејќи го игра својот најдобар тенис, сепак Гркот ќе мора да почека уште малку на својот прв Грен слем. Новак играше како да немал повреда на грбот цело време, со својата ментална сила ја совлада целата голгота што лани му ја подготвија Австралијците со депортација и во спектакуларното финале убедливо го совлада Циципас – 3:0 (6 :3, 7:6, 7:6).

Во мечот каде што победникот зема се, Ѓоковиќ стигна до својот 10-ти триумф на Австралија опен, негова 22-та Грен слем титула во 33-то финале, израмнувајќи го со Рафаел Надал, неговата 93-та титула во кариерата (четврта зад Лендл, Федерер и Конорс). нова заработка од 2.975.000 долари (вкупно 167,5 милиони долари во кариерата) и конечно да се врати на првото место на АТП листата бидејќи од денес (има 6.970 поени. Новак е неуништлив.

Новак го отвори 13-от меѓусебен дуел, втор во финалето на Грен слем, против Циципас. Одлично сервираше, го изнуди послабиот бекхенд на ривалот и поведе со 4:1 со брејк во четвртиот гем. Потоа лесно го доби првиот сет со 6:3 во 36 минута.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево53 минути

Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во...

Магазин1 час

WhatsApp наскоро може да им дозволи на корисниците да испраќаат фотографии со целосен квалитет

Се шпекулира дека ова претстојно ажурирање има „автоматско“, „најдобар квалитет“ и „заштеда на податоци“ како опции за конфигурации за квалитетот...

Lifestyle1 час

5 начини да се ослободите од влакната од домашни миленици! Чистењето никогаш нема да биде полесно.

Селотејп и гумени ракавици се само неколку начини да помогнете во борбата против влакната од домашни миленици. Сите сакаме домашни...

Занимливости1 час

Само 1% од луѓето овде гледаат слон: на интернет кружи слика која вознемири многумина, обидете се да го пронајдете (ФОТО)

Can you spot the elephant ? pic.twitter.com/xqqzUrhkvH — Marwan Koukash (@drmarwanK) October 29, 2017 Го најдовте ли слонот? Откако ќе...

Магазин1 час

Најмоќниот и најскапиот телефон на Apple досега пристигнува со еден голем новитет

Се чини дека овој телефон нема да го замени моделот iPhone Pro Max, туку ќе биде категорија над него. Веќе...

Автомобили1 час

Golf повеќе не е број 1, но VW сè уште гори во Европа

И покрај фактот што по неколку децении неговиот модел повеќе не е европски бестселер, Volkswagen останува неприкосновен лидер на Стариот...

Магазин2 часа

Google инвестира 400 милиони долари во конкурентот ChatGPT, стартапот Anthropic

Вештачката интелигенција и четботите дефинитивно го зафатија светот во последните неколку месеци. Напредокот постигнат на ова поле го лансираше ChatGPT...

Магазин2 часа

Google се пофали: Овој сервис има 50 милијарди прегледи дневно

Услугата за кратки видео клипови, наречена YouTube Shorts, беше лансирана од Google во јули 2021 година и оттогаш забележа значителен...

Магазин2 часа

Првата генерација на iPhone во фабричко пакување понуден на аукција

Аукциската куќа LCG Auctions понуди на продажба прва генерација на iPhone, фабрички завиткан во целофан, со 8 GB простор за...

Магазин2 часа

Facebook има 2 милијарди корисници

Социјалната мрежа продолжува да расте иако Мета отпушти значителен број луѓе. Вештачката интелигенција е приоритет во наредните години Речиси 20...

НАЈЧИТАНИ