Следете не

Магазин

Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4 во пакетот ќе имаат нешто што го немаат сегашните модели

Објавено пред

на

Samsung не понуди полначи со телефоните Galaxy Z Fold 3 и Galaxy Z Flip 3, во обид да ја заштити животната средина и да ги ослободи своите финансиски ресурси. Сепак, тоа би можело да се промени со новата генерација на флексибилни телефони.

Јужнокорејската компанија може да биде принудена да ја преиспита својата одлука кога ќе бидат пуштени моделите Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4, а агенцијата за сертификација открива специфична верзија на двата телефони што доаѓа со полнач.

Со текот на годините, Бразил беше вистински проблем за компаниите како Samsung и Apple кога станува збор за отстранување на додатоците како слушалки или полначи од пакувањето. Надлежните веруваат дека клиентите веќе плаќаат премногу за премиум телефон, а кога не е вклучен полнач, тие се принудени да плаќаат уште повеќе.

Сега, според законот, корисниците повеќе нема да треба да купуваат дополнителни полначи, а новите протекувања сугерираат дека одредени варијанти на телефоните Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4 ќе пристигнат со адаптер за полнење во кутијата.

Скриншот, објавен од @yabhishekhd, сертификатот ANATEL потврдува дека овие варијанти на телефонот ќе треба да имаат полнач во пакетот: Galaxy Z Fold 4 – SM-F936B/DS dual SIM и
Galaxy Z Flip 4 – SM-F721B single SIM.

Останува да се види како Samsung ќе се однесува кога станува збор за другите пазари и дали ќе мора да имплементира закони како Бразил за да се осигура дека и клиентите во тие земји добиваат додатоци во пакетот.

Извор: Benchmark

Хороскоп

Хороскоп за четврток (14 ноември)

Објавено пред

на

ОВЕН

Решението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни проблеми. Ви се допаѓа личност која покажува дека не е рамнодушна кон вас. Мал пад на енергијата.

БИК

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и нови одлуки на ова поле. Ве очекува возбудлива ситуација со личност која ја сакате. Вашиот однос се развива во добар правец. Спортувајте!

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен ден за разрешување на деловните дилеми кои ве мачеле досега. Ве очекува ново познанство со личност која ќе покаже интерес кон вас. Болки во стомакот.

РАК

Може да очекувате во текот на денешниот ден да успеете да остварите добра комуникација со соработниците. Лесно покажувате емоции кон личноста која ви значи. Добар ден за љубов. Здравјето ви е солидно.

ЛАВ
Ќе имате помала штета на деловно поле денес. Без обзир на неповолните околности треба да останете прибрани. Во вас се буди потреба со саканата личност да зборувате за брак, заедница и промени. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Може да сметате на остварување на успех на овој план. Доколку сте планирале љубовни промени во наредниот период ќе бидете презадоволни. Водете сметка за своите бубрези.

ВАГА

Ќе успеете да се посветите на важните обврски. Кога сте максимално фокусирани, без грешки ги завршувате своите задолженија. Ќе остварите ново познанство со личност која може да стане многу значајна. Зголемете го внесувањето на витамините.

ШКОРПИЈА

Сите планови би требало да одат по очекуваниот тек. Ви следи генерално поволен период кога станува збор за работата. Партнерот ви е максимално посветен и задоволни сте од врската. Водете сметка за ушите.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате нова деловна понуда. Спремете се за промени кои може да бидат значајни. Внимавајте на бешиката.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате успех на работа. Во наредниот период судбината на ова поле ќе ви биде максимално наклонета. Може да очекувате обнова на комуникацијата со старата симпатија. Можни се проблеми со синусите.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува подобрување на заработката. Може да се надевате на позитивни промени оваа недела. Убаво се чувствувате покрај личноста која ја сакате. Задоволни сте бидејќи имате и пријателски и љубовен однос. Склони сте кон дебелеење.

РИБИ

Можно е да претерувате со очекувањата кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете малку реални. Ве очекува поволен ден на љубовно поле. Пред вас е прилика да ги покажете емоциите. Проблеми со притисокот.

Прочитај повеќе...

Магазин

Notepad нема да биде ист повторно: Програмата што постои од 1983 година добива голема промена

Објавено пред

на

Microsoft продолжува да ја проширува употребата на вештачка интелигенција во своите алатки, овој пат вклучувајќи го и Notepad. Овој текст-уредувач, познат на корисниците на Windows уште од 1983 година, добива нова функција наречена Rewrite, која моментално се тестира преку програмата Windows Insider. Со оваа функција, корисниците ќе можат да користат алатки за вештачка интелигенција за преформулирање реченици, прилагодување на тонот и промена на должината на текстот.

Корисниците кои имаат пристап до ова ажурирање можат едноставно да означат дел од текстот, а со десен клик да ја изберат опцијата Rewrite. Потоа, Notepad ќе понуди три различни верзии на текстот за замена на оригиналот. За користење на оваа функција, потребно е најавување со Microsoft сметка, бидејќи услугата е базирана на cloud.

Microsoft ја воведува оваа нова функционалност како дел од Windows 11 за корисниците во САД, Франција, Велика Британија, Канада, Италија и Германија. Дополнително, неодамнешните иновации како проверка на правопис и автоматска корекција на текстот ги подобрија основните можности на Notepad.

Microsoft ја проширува вештачката интелигенција на класични алатки

Покрај Rewrite за Notepad, нови алатки со вештачка интелигенција доаѓаат и во Paint, вклучувајќи ги функциите Generative Fill и Generative Erase, кои овозможуваат додавање и отстранување елементи од сликите по барање на корисникот. Додека Generative Fill ќе биде достапен само за корисниците со Copilot Plus компјутери, Generative Erase ќе биде достапен за сите корисници на Windows 11 Insider програмата.

Microsoft јасно става до знаење дека ја гледа вештачката интелигенција како иднината на секој аспект од корисничкото искуство. Сепак, дел од корисниците веќе чувствуваат замор од тоа што Microsoft постојано ја вградува вештачката интелигенција во секој можен дел од својот екосистем.

Прочитај повеќе...

Магазин

5 работи што треба да ги проверите пред да купите паметен часовник

Објавено пред

на

Паметните часовници повеќе не се само додаток за љубителите на технологијата – тие станаа клучна алатка за продуктивност, лично здравје и организација во секојдневниот живот. Без разлика дали сакате да ги следите вашите спортски активности, да добивате известувања без да го вадите телефонот од џеб или едноставно да го подобрите вашиот стил, изборот на вистинскиот паметен часовник може да направи голема разлика. Понудата на пазарот е огромна, а секој модел има свои специфични предности и опции.

Пет клучни фактори што треба да ги земете предвид пред да донесете одлука за купување

1. Траење на батеријата

Една од најважните карактеристики на паметните часовници е траењето на батеријата. Часовникот што мора да го полните секојдневно може брзо да стане товар, додека моделите со долготрајна батерија нудат вистинска слобода. На пример, некои модели, како Huawei Watch GT 5, се познати по нивната екстремно долга батерија која може да трае повеќе од една недела – што е исклучително практично за корисниците во движење.

2. Следење на здравствени и спортски активности

Следењето на физичките активности, отчукувањата на срцето, квалитетот на спиењето и други здравствени параметри стана стандард за повеќето паметни часовници. Проверете дали часовникот што планирате да го купите нуди прецизно следење на овие карактеристики и дали има дополнителни сензори кои обезбедуваат подлабок увид во вашето здравје.

3. Дизајн и приспособливост

Паметниот часовник е додаток кој го носите секој ден, па затоа е важно да изгледа стилски и да одговара на вашиот личен стил. Многу модели доаѓаат со приспособливи опции за нараквици и различни стилови на екранот, што ви овозможува лесно да го усогласите часовникот со вашата гардероба – без разлика дали одите на деловен состанок или во теретана.

4. Компатибилност и функционалност со други уреди

Пред да го купите, проверете дали паметниот часовник е целосно компатибилен со вашиот телефон и другите уреди што ги користите. Часовниците што се оптимизирани за работа со широк опсег на апликации и уреди обезбедуваат подобро корисничко искуство, овозможувајќи ви лесно да правите сè – од примање повици до управување со музичката содржина.

5. Дополнителни функции и паметни опции

Одредени паметни часовници нудат дополнителни опции како гласовен асистент, офлајн режими и вграден GPS за прецизно следење на активности на отворено. Ако се интересирате за напредна технологија и дополнителни функции, истражете ги моделите што ги нудат овие опции – како што е случајот со некои од најновите модели на пазарот.

Купувањето паметен часовник може да биде предизвик, но со овие совети ќе можете да го изберете моделот кој најмногу одговара на вашите потреби и начин на живот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија20 минути

Од утре започнува законската одредба за поседување зимска опрема

Од петок – 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседувате пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот...

Временска прогноза5 часа

Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (14 ноември)

ОВЕН Not seeing a widget? ( More info ) Решението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро...

Спорт14 часа

Милевски и Димитриевски со позитивна енергија го дочекуваат утрешниот меч против Летонија

Во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија од 5. коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на...

Македонија17 часа

СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона

Во врска со престојната зимска сезона 2024/2025 година, СВР Охрид вчера (12.11.2024 година), одржа работен состанок со надлежните субјекти од...

Спорт21 час

Македонската женска репрезентација ги доби противниците од групата 6 и Ц лигата во рамките на Лигата на нации

Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА за новото издание на Лигата на нации за противници ги доби селекциите...

Магазин1 ден

Notepad нема да биде ист повторно: Програмата што постои од 1983 година добива голема промена

Microsoft продолжува да ја проширува употребата на вештачка интелигенција во своите алатки, овој пат вклучувајќи го и Notepad. Овој текст-уредувач,...

Свет1 ден

Википедија под зголемена контрола во Индија

Судските постапки против Википедија во Индија продолжуваат, бидејќи земјата се стреми кон поголема контрола врз содржините на платформата. Министерството за...

Магазин1 ден

5 работи што треба да ги проверите пред да купите паметен часовник

Паметните часовници повеќе не се само додаток за љубителите на технологијата – тие станаа клучна алатка за продуктивност, лично здравје...

Хроника1 ден

Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат  Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил...

НАЈЧИТАНИ