Магазин
Новите телефони Samsung пристигнуваат на 10 август, веќе откриено како ќе изгледаат (фото)

Почетокот на август во светот на мобилната телефонија со години е резервиран за премиерите на Samsung. Долго време беше терминот кога добивме нов телефон Note, но работите се променија и во тоа време компанијата од Кореја премиерно ги прикажува новите свитливи телефони. Сега е потврдено дека така ќе биде и овој пат – на 10 август ќе пристигнат новите Fold уреди.
Samsung испрати покани за настанот Unpacked. Оние кои имаат среќа ќе можат да видат се на настанот во Лондон, за нас останатите има онлајн линк, а се почнува во 13 часот и најавено е премиерно прикажување на Galaxy Z Flip4 и Z Fold4. како и серијата Galaxy Watch5 и новите Galaxy Buds.
Како ќе изгледаат новите телефони веќе можевме да видиме на некои од фотографиите објавени од проверени извори кои ни носат информации за телефоните години пред самата премиера.
Рендерските фотографии покажуваат дека Galaxy Z Fold4 ќе изгледа речиси идентично како неговиот претходник, со скенер за отпечатоци од десната страна, копчиња за јачина на звук горе и слот за SIM картичка на горниот лев агол на телефонот.
Она што досега се знае за телефоните е дека двата модели ќе имаат чипсет Snapdragon 8+ Gen 1. Се очекува, како и досега, Galaxy Z Fol4 да има посилен систем на камера – 50MP широкоаголен главен објектив, 12MP ултра широкоаголна камера и 10MP 3x телефото објектив, како и селфи камера од 10MP на надвор од телефонот, односно кога екранот е преклопен и 16MP селфи камера од внатре.
Неофицијално, самиот телефон ќе биде потенок од Galaxy Z fold 3 и самиот екран ќе биде поголем.
Кога станува збор за Galaxy Z Flip4, исто така нема огромни промени во поглед на дизајнот во однос на претходниот модел, но овој ќе биде достапен во сива, виолетова, златна и светло сина боја. Други информации сугерираат дека телефонот ќе ја има истата конфигурација на камерата како порано и батерија од 3.800 mAh или 3.900 mAh со полнење од 25 W.
Хороскоп
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)

ОВЕН
Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа. Едно лошо искуство од минатото ве прогонува и како да не можете да се оттргнете. Проверете ја својата диоптрија за секој случај.
БИК
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и се обидувате да најдете начин малку да ја поправите. Покажете и ги на саканата личност вашите искрени чувства. Важно е секогаш да бидете отворени со неа. Избегнувајте цигари.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува ден во кој ќе успеете да ги остварите своите деловни планови и цели. Ќе бидете задоволни со себе. Новото познанство во вас на некој начин буди и поттикнува прилично силни емоции. Психички сте преоптеретени.
ЛАВ
Обрнете внимание на новите информации кои пристигнуваат до вас. Време е сериозно да ги сфатите промените. Може да очекувате многу поволни околности на љубовно поле. Ќе бидете задоволни. Можни се проблеми со крвната слика.
ДЕВИЦА
Се чувствувате прилично загрижено. Можеби работите на деловно поле не одат онака како што сте сакале и планирале. Бидете искрени кон себе и потрудете се да ги прифатите сите емоции кои ги имате. Чувствителни синуси и склоност кон настинка.
ВАГА
Немате доволно доверба во своите соработници и ви се чини дека ви работат позади грб. Тешко ви е да остварите стабилност во односот со саканата личност. Карактерно сте многу различни. Можни се проблеми со алергии.
ШКОРПИЈА
Ова не е прмногу поволен ден за работа, па избегнувајте било какви ризици. Потрудете се да се бавите со рутинските и вообичаени обврски. Тешко ви е да ги прифатите мааните на вашиот партнер. Избегнувајте претерано напрегање.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате среќни околности во кои ќе профитирате. Полето на заработка оди во позитивна насока. Тешко ви е да донесете одлука на љубовно поле. Саканата личност ви делува ладно. Чувствувате замор.
ЈАРЕЦ
Ќе бидете преоптеретени со обврските и нема да ви биде лесно да го издржите тоа напорно темпо. Можно е да имате криза со саканата личност и вашиот однос да оди во некоја погрешна насока. Не е поволен ден за вашето здравје.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се да дадете сѐ од себе на деловно поле. Ќе успеете да ги реализирате своите планови ако бидете упорни. Саканата личност ги покажа своите најдлабоки емоции и потреби. Се чувствувате убаво кога сте заедно. Можни се респираторни инфекции.
РИБИ
На деловно поле може да дојде до некои препреки. Потрудете се да бидете подобро организирани. Имате чести расправи со личноста која ви се допаѓа. Може да очекувате некои компликации. Чувствителна бешика.
Магазин
Како да избришете дупликат слики и видеа на Android

Често се случува да имате повеќе копии од иста слика или видео на вашиот телефон. Ова може да биде проблем, особено ако меморијата на телефонот е полна. За среќа, постои лесен начин да ги најдете и избришете сите дупликат слики и видеа.
Во зависност од уредот со Android што го имате, овој процес може да биде малку поинаков, но ќе биде сличен на она што ќе ви го прикажеме.
Како да избришете дупликат слики и видеа на Android
- Одете во Settings
- Кликнете на Storage
- Кликнете на CLEAN UP
- До Duplicate files, кликнете на CLEAN UP
- Сите дупликат датотеки се прикажани овде. Изберете што сакате да избришете.
- Кликнете на DELETE
Магазин
ОПАСНОСТ ЗА КОЈА НЕ СТЕ СВЕСНИ Полнењето на мобилниот телефон преку ноќ е многу ризично

Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата
Се подготвувате за спиење и последното нешто што го правите е да го оставите телефонот на полнач, по можност некаде што е можно поблиску до вас, за да може да биде до вашата перница.
Доколку се препознаете во оваа сцена, внимателно прочитајте што имаме да ви кажеме. Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата! Не само што го уништувате траењето на батеријата, туку буквално ја доведувате во прашање вашата безбедност, па дури и вашиот живот.
Техничкиот експерт објасни за што се работи.
– Речиси сите го правиме тоа, а не сме ни свесни дека на овој начин лесно можеме да предизвикаме пожар. Затоа никогаш не треба да го оставате телефонот на или во близина на нешто што е лесно запаливо, како што е чаршаф или, уште полошо, под перница“, предупредува Доминик.
И самите забележавте колку се вжештува батеријата додека ја полните, а ситуацијата дополнително може да ја влоши фактот што многумина од нас не користат оригинални полначи, што ја удвојува опасноста. Сепак, постои начин да се намалат безбедносните ризици.
„Добро решение е, доколку решите да го оставите телефонот така, барем да го ставите на керамичка тацна, што подалеку од запаливи материјали, бидејќи сигурно нема да се запали, а шансите за пожар се исто така. намалени. Меѓутоа, верувам дека ризикот едноставно не вреди“, рече тој.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 август)
-
Хороскоп2 часа
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)
-
Временска прогноза7 часа
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации
-
Магазин14 часа
„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање
-
Македонија15 часа
Старица од Охрид била измамена дека нејзината ќерка направила сообраќајка и дека било потребно пари
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, бензините остануваат непроменети
-
Автомобили13 часа
Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?
-
Свет14 часа
Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони