Спорт
(ГАЛЕРИЈА) Екипата на ЛУКОИЛ ќе игра во финалето на Бизнис лига, откако го доби пенал рулетот против Рамстор
Екипата на ЛУКОИЛ Македонија е првиот финалист во Бизнис лигата откако предмалку го доби натпреварот по пенал рулетот од 5:4.
Се играше доста отворена игра со многу шутеви, агресивна и пожртвувана атмосфера.
Во првото полувреме екипата на Рамстор го отвори резултатот од 0:1, но „3КТО“ нафташите не се предаваа до последен момент, многу шутеви, промашени зицери, за конечно израмнување на 1:1.
За на крај, во пенал рулетот шампионите беа по успешни и го добија мечот кој значи големо финале против ЈСС или Елем – меч кој е веќе во тек.
Во прилог галерија преку нашиот објектив:
Спорт
(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.
Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
Спорт
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120 минути немаше победник, решија пенали, а Реал победи со 4:3. Така Реал успеа да ја продолжи одличната серија и по шести пат успеа да се избори за победа во нокаут фазата против бранителот на титулата.
Начо Фернандеш брилијантно го чуваше најопасниот играч на Сити, Ерлинг Халанд.
– „Страдавме многу затоа што многу те притискаа, но ние сме Реал и се бориме до крај, најважно е што сме во полуфинале. Не сме навикнати на притисок, обично сме тие што го туркаат противникот, сепак, и покажавме на другата страна, дека знаеме да се браниме спектакуларно, тој средно-низок блок ни направи неверојатна работа“, смета дефанзивецот на Реал.
Халанд едноставно немаше решенија во дуелите со него.
– „Бевме добри во дефанзива, исто така и на индивидуален план. Ова се магични ноќи, само од се станувам посилен, ова е она за што сонувавте како дете. Лошо ја започнавме сезоната, но свртевме сè, овој тим е неверојатно горд што сè уште сум во борба“. По нив следува Ел Класико. Мора да го славиме ова, а од утре размислуваме само за Ел Класико и се што не очекува во лигата“, заклучи Нацо.
Извор: b92.net
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево4 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево2 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника6 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин1 ден
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт19 часа
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Спорт2 дена
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин