Следете не

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Видео

Музика од врвот на Илиница

Објавено пред

на

музика

Порта.мк беше дел од снимањето на првиот live set проект кој излезе под продукција на montparnasse.music. Избраната локација, врвот на Илиница, е нивната почетна точка во реализацијата на својата идеја.

Следејќи го примерот на големите аудио и видео продукции кои се занимаваат и со промоција на артисти и промоција на културни и природни добра, екипата на montparnasse.music преку овој проект го прави истиот чекор во овој дел од светот. Во неформален разговор со нив кажуваат дека во целиот процес се впуштиле со цел аудио-визуелно да го презентираат спојот на локалната уметничката сцена со природните и културните обележја на одредена локација, во случајов Кичево – нивниот хабитат. Веруваат дека уметноста и природата се пар кој може да го подобри општото мислење за некое место и совршено да го отсликаат духот на истото. И на тоа продолжуваат да работат.

Во процес е финализирањето на нивниот следен проект – комбинирање на околината на с. Добреноец со селекција на музика на Александар Станкоски.

До тогаш: montparnasse | Aco Sound live set at Ilinica in Kicevo, Macedonia

 

Прочитај повеќе...

Автомобили

Ретро снимка од Авторели Крушево и Кичево 1977 година

Објавено пред

на

На каналот Архива Македонија на YouTube е објавено видео од рели трки во Крушево и Кичево во далечната 1977 година.

Емисија за сообраќај и туризам на РТВ Скопје од 26.10.1977 година.

Прочитај повеќе...

Видео

(ВИДЕО) Тоше Проески во своите детски среќни годинки на „Златно Славејче“ 1992 година

Објавено пред

на

Нашиот непребол Тоше Проески во среќното детство на Златно Славејче 1992 година!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за сабота (2 декември)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Култура10 часа

Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица

Почитувани возљубени, со особена радост ве информираме дека на 3 декември, во 21 часот ќе се случува сеноќното молитвено бдение во...

Спорт17 часа

Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 16 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:  На натпреварот Фк.Шкендија-Фк. Работнички одигран...

Автомобили19 часа

Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)

Елон Маск конечно ја претстави својата визија за американскиот симбол – (pick-up truck). Тоа е многу грдо возило. Но, можеби...

Магазин19 часа

Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци

Технолошкиот гигант Google од денеска брише неактивни сметки. Компанијата претходно го најави овој потег за да ја зголеми безбедноста на...

Магазин20 часа

Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања

ByteDance , мајка на ТикТок, укинува стотици работни места во својот оддел за игри, изјави за CNBC лице запознаено со...

Хороскоп1 ден

Месечен Хороскоп (декември)

ОВЕН Љубов: На почетокот на месец декември сте поканети на забава со вашите драги пријатели, но не сте во можност...

Временска прогноза2 дена

Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (30 ноември)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија3 дена

МВР демантира дека изгубеното девојче е пронајдено во соседна држава и апелира да ме се шират невистини!

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец...

НАЈЧИТАНИ