Следете не

Кичево

GIG OFF оваа сабота во Република 96250

Објавено пред

на

Повелете на извонредна Rock & Roll забава со легендарниот Сашо Гигов Гиш и неговиот бенд Gig Off. Оваа сабота – 21:00h само за вас во Република 96250.

Dj. Saso Spect, Second Floor – Петок 21:00h, Република 96250.

Резервации: 078 322 615

Кичево

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Објавено пред

на

©porta.mk

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel & Spa“ – модерен хотелски комплекс уреден според највисоки светски стандарди. Со своите 31 врвно опремени соби, елегантниот „Atva Kitchen&Bar“ а ла карт ресторан, современата конгресна сала и салата за состаноци, како и комплетниот СПА центар, фитнес сала, затворена игротека и обезбеден паркинг, хотелот претставува нова димензија на престој и уживање.

„Оваа вечер беше навистина посебна, заокруживме 7 години јубилеј на „Atva Residence Hotel“, 7 години исполнети со посветеност, визија и многу реализирани соништа. Приказна што зборува сама за себе. Што се однесува до нашите новитети, секако дека нашата цел отсекогаш била Кичево да го ставиме на туристичката мапа. Спа туризмот е еден од најразвиените во Европа, а ние верувавме дека и нашиот град заслужува нешто модерно, нешто светско. Нашиот „rooftop“ СПА центар е изграден со најсовремен стил и технологија, место каде гостите ќе се опуштат, ќе се наполнат со енергија и ќе почувствуваат вистински луксуз. Ја користам оваа прилика преку вашиот медиум да упатам благодарност до сите кои ни честитаа за успешен старт на нашата заедничка мисија, добредојдени сте сите! – за Порта.мк истакна менаџерот Томче Филипоски

Почитувани кичевчани, ова е ново поглавје, нова визија и доказ дека кога се работи со срце, границите исчезнуваат. Кичево од денес блеска со нов сјај кој мора да го видите одблиску.

Порта.мк исто така упатува честитки за грандиозното отворање на комплексот кој значи многу за Кичево и кичевчани, воедно благодарност за поканата да бидеме дел од ова ново руво за заедницата.

Мини галерија преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Кичево

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Објавено пред

на

©porta.mk

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини, и тоа, вторник и четврток од 19:30ч и сабота од 12:00ч.

Не заборавајте, уписите за момчиња и девојчиња на возраст од 10 до 17 години, се уште траат, истите можат да се извршат и за време на тренинзите во горенаведените термини во спортската сала на ОСУ „Мирко Милески“. Ова е вистинска и идеална можност секој млад спортист да ги направи своите први чекори на кошаркарскиот терен.

Зошто да станеш дел од КК Баскет Кичево?

  • Ќе тренираш со лиценцирани и искусни тренери кои ќе ти помогнат да го извлечеш најдоброто од себе.
  • Ќе имаш можност да стекнеш нови пријателства и да бидеш дел од тим што се поддржува и напредува заедно.
  • Секој тренинг е чекор напред – ќе учиш, ќе се надградуваш и ќе растеш и како кошаркар и како личност.

    📞 За уписи и повеќе информации, контактирајте ги тренери:

    • 075/525-774 – Војне Савески
    • 078/424-238 – Александар Димитров

    🚀 Не ја пропуштај шансата! Приклучи се и стани дел од КК „Баскет Кичево“ – клубот каде што талентот расте, а соништата допрва стануваат реалност!

Прочитај повеќе...

Кичево

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско

Објавено пред

на

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.

Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.

Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, учесници се и жители од Косово.

На интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија8 минути

ДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови

Бигорскиот манастир истакна соопштение и демант за злоупотребата на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови. Се чувствуваме...

Кичево2 часа

(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди

Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel &...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (2 декември)

ОВЕН Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни...

Кичево17 часа

КК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

КК „Баскет Кичево“ носи вистинска свежина во кошарката. Имено, по првично комплетирање на тимот, започнува со официјални тренинзни по термини,...

Македонија19 часа

ЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир

Јавното претпријатие за државни патишта успешно реализираше проект за санација на потпорниот ѕид и заштита на регионалниот пат Р1202 во...

Македонија22 часа

Повторно паѓа цената на дизелот, бензините остануваат со иста цена за источен литар на бензинските станици ширум Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Спорт22 часа

ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот...

Фото: Yosuke Ota @ unsplash Фото: Yosuke Ota @ unsplash
Магазин24 часа

Понекогаш е наједноставното најдобро: Печени компири со ореви и кромид

Овој рустикален рецепт комбинира три совршени текстури: крцкава печена кора, нежна внатрешност и ароматични крцкави ореви. Кромидот или празот додаваат...

Фото: Val Vesa @ unsplash Фото: Val Vesa @ unsplash
Автомобили24 часа

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA)....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин24 часа

ChatGPT конечно престанува да ги користи непотребните цртички

ChatGPT долго време ги игнорираше дел од упатствата што му ги задаваат корисниците. Иако многумина бараа да не користи долги...

НАЈЧИТАНИ