Следете не

Технологија

„Gmail“ воведе мала но важна промена при најавување

Објавено пред

на

Корисниците на Gmail забележаа мала, но важна промена при најавувањето на оваа услуга. Наместо претходниот знак Gmail, оној за Google Workspace сега се прикажува на лични, како и на деловни сметки.

Тоа е дел од континуирана транзиција кон Google Workspace што ги обединува најпопуларните производи како што се Docs, Sheets, Meet, Drive и, се разбира, Gmail, на едно место, пренесува tportal.

Според Google, зад сè стои желбата за „длабоко интегрирано искуство“, а со тоа Google се обидува да се позиционира во понудата на алатки во новиот хибриден режим, нудејќи поголема флексибилност и можности за далечинска соработка.

За таа цел, Google Workspace стана бесплатен за сите.

ФОТО: Pixabay

Социјални мрежи

„WhatsApp“ со нова функција за префрлање ваши податоци до друг телефон во „offline“ метод без интернет

Објавено пред

на

Можете да ги префрлите вашите податоци на WhatsApp од еден телефон на друг без резервна копија од Google Drive.

WhatsApp додаде нова функција за шифрирана резервна копија. Оваа функција обезбедува можност да направите резервна копија од вашите податоци на WhatsApp и да ги префрлите на друг телефон преку офлајн метод. Потребно е само апликација како RAR.

Методот работи со правење резервна копија од датотеките, пакување на сите податоци во една папка, а потоа пренесување на таа папка на друг телефон. Секако, најголемата предност на оваа функција е тоа што можете да префрлувате податоци без да користите Интернет.

Извор: Индијан експрес

Прочитај повеќе...

Магазин

Претставен OnePlus Watch Harry Potter Edition

Објавено пред

на

OnePlus Watch Harry Potter Edition беше официјално претставен, три месеци пред дваесетгодишнината од објавувањето на првиот филм за Хари Потер. Часовникот носи карактеристичен изглед на тема Hogwarts и ќе се продава по цена од околу 225 долари од 20 октомври.

OnePlus Watch The Harry Potter Edition ги има истите спецификации како и оригиналниот OnePlus Watch, со тркалезен AMOLED екран од 1,39 инчи, сопствен оперативен систем и траење на батеријата до две недели. Куќиштето од нерѓосувачки челик има завршница во боја на бакар, додека појасот е создаден од веганска кожа и на него е врежан грбот на Hogwarts.

Исто така, постојат неколку софтверски промени, со ексклузивни позадини на сите четири куќи (Gryffindor, Hufflepuff, Slytherin i Ravenclaw), како и икони со тематика на Harry Potter во рамките на корисничкиот интерфејс.

Извор: Benchmark
Фото: One Plus India

Прочитај повеќе...

Магазин

Прелистувањето на интернет на мобилни уреди никогаш не било полесно и поточно

Објавено пред

на

Се проценува дека новиот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе го зголеми просечно бројот на прегледани страници.

Google започна со имплементација на „бесконечно“ скролање на мобилни уреди, опција што треба да им го олесни пребарувањето на резултатите на корисниците.

Континуираното скролање значи дека кога ќе стигнете до дното на страницата со резултати од пребарувањето, наместо да кликнете на копчето „Види повеќе“, скролањето ќе продолжи сe додека има резултати што одговараат на барањето.

Според податоците на Google, најголем број корисници ги пребаруваат првите четири страници со резултати во потрага по потребните информации, пишува ЗДНет. Се разбира, најрелевантните резултати се на врвот на листата, но корисниците честопати сакаат да разгледаат и други извори.

Оваа промена во начинот на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе им олесни, па се проценува дека со тоа ќе се зголеми бројот на просечни прегледани страници за пребарување.

Новата опција наскоро ќе биде достапна за секого, и е дел од напорите на Google да го редефинира изгледот на резултатите од пребарувањето преку мобилни телефони, пренесува PC Press. Редизајнирањето ќе овозможи полесно и побрзо пребарување на мобилни уреди, со помала интеракција на корисникот со корисничкиот интерфејс.

Извор: Telegraf

Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Предмалку регистриран земјотрес во западниот дел од државата

Предмалку почувствуван земјотрес во југо-западниот дел од Македонија. Според ЕМСЦ информациите говорат дека потресот е со јачина од 3.2 степени...

ХороскопПред 6 часа

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

КичевоПред 6 часа

Најдобрите омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена во АТВА Маркети – Кичево!

Најдобро покажаните омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена само во АТВА Маркети – Кичево, посетете ги веднаш и...

Здравје и убавинаПред 10 часа

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли,...

МакедонијаПред 10 часа

Од 3,431 тестирања регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, починале 8 пациенти, оздравени 498 луѓе..

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30,...

Социјални мрежиПред 11 часа

„WhatsApp“ со нова функција за префрлање ваши податоци до друг телефон во „offline“ метод без интернет

Можете да ги префрлите вашите податоци на WhatsApp од еден телефон на друг без резервна копија од Google Drive. WhatsApp...

МакедонијаПред 11 часа

По една седмица од покачувањето, од денес авто-плинот со нова исто така покачена цена за литар

По само една неполна седмица од последното покачување на авто-плинот, од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена...

КичевоПред 14 часа

Да помогнеме во работната акција во манастир св.Ѓорѓија – с.Кнежино

Во договор со сестра Софија од истиот манастир и нејзин благослов 🙏 на ден петок 22.10.2021 год. со почеток од...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (19 октомври) вторник

ОВЕН Вие сте еден чекор пред другите, бидејќи знаете како точно да предвидите нечија реакција или одговор во деловните преговори....

музика музика
ВидеоПред 1 ден

Музика од врвот на Илиница

Порта.мк беше дел од снимањето на првиот live set проект кој излезе под продукција на montparnasse.music. Избраната локација, врвот на...

НАЈЧИТАНИ