Магазин
Итно известување од Google: Ова е рокот кога ќе исчезнат многу сметки и фотографии – зачувајте ги вашите податоци!

Google ќе ги избрише неактивните сметки на 3 април, вклучувајќи ги податоците на Gmail и Google Photos. За да го спречите ова, едноставно најавете се и користете ја вашата сметка пред крајниот рок.
Google издаде сериозно предупредување кое може да ги загрози сите корисници кои не преземаат соодветни мерки. Корисниците кои не ги користеле своите Google сметки во последните две години можат да се соочат со бришење на нивните податоци, вклучувајќи ги пораките и фотографиите на Gmail и Google Photos.
Зошто вашата сметка треба да се активира?
Кога во моето сандаче пристигна е-пошта со наслов „Итно: најавете се на вашата сметка на Google ако сакате да ја задржите“, првично се посомневав, но брзо сфатив дека ова е легитимен и алармантен повик за акција.
Google предупредува дека сметките што не биле користени во последните две години ќе бидат избришани, со цел да се заштити приватноста и да се намали ризикот од компромитирање на податоците. Ова е дел од пошироката стратегија за заштита на корисниците од сајбер-закани.
Што значи оваа промена?
Ако не сте се најавиле или не сте ја користеле вашата сметка на Google во последните две години, вашата сметка може да биде избришана. Ова значи дека ќе ги изгубите сите податоци поврзани со неа: Gmail, Google Photos, документи, видеа на YouTube и сè што сте зачувале на Google Drive.
Ако не преземете ништо, 3 април може да биде последниот ден кога ќе можете да пристапите до вашите податоци.
Како да спречите бришење на вашите податоци?
Решението е едноставно – користете ја вашата сметка.
Google ја дефинира „неактивноста“ како недоволна интеракција со вашата сметка во период од две години. Активности како што се:
- Најавување
- Испраќање или читање е-пораки
- Користење на Google Drive
- Споделување фотографии
- Пребарување на Google
Сè ова се смета за активност. Доволно е само да се најавите и да извршите една од овие активности пред 3 април, и вашата сметка ќе остане безбедна.
Како да препознаете дали вашата сметка може да биде избришана?
Оваа промена се однесува само на личните сметки – деловните и училишните сметки нема да бидат засегнати.
Ако не сте ја користеле вашата сметка повеќе од две години, постои ризик вашите податоци да бидат избришани. Google јасно стави до знаење дека може да ги избрише неактивните сметки заедно со сите податоци поврзани со нив.
Како лесно да управувате со повеќе сметки на Google?
Ако имате повеќе Google сметки, може да биде предизвик да ги задржите сите активни. Google овозможува лесно префрлање помеѓу сметките.
- Додајте ја вашата сметка на уредот за брз пристап до сите ваши информации.
- Поставете препраќање на е-пошта од вашата секундарна сметка на главната за да не пропуштите важни известувања.
Безбедноста на прво место
Не заборавајте, безбедноста на вашите сметки е клучна.
Ако имате повеќе сметки, размислете за:
- Користење на физички клуч за пристап
- Овозможување двофакторска автентикација
Ова дополнително ќе ја заштити вашата сметка од потенцијални закани.
Заштитете ги вашите податоци додека има уште време! Најавете се на вашата сметка и погрижете се таа да не биде избришана на 3 април.
Извор: Kurir
Магазин
„Сите за Кочани – Трчаме заедно!“ – „Денот на Европа“ со хуманитарна трка во седум македонски градови, наменета за погодените од трагедијата во Кочани

Оваа година, Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус ќе го одбележат „Денот на Европа” со организирање на хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани. На 25 мај, истовремено во 7 града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани.
– „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!” е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност.
Пријавувањето е отворено и може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година. Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги насочи кон заедницата во Кочани, осигурувајќи дека секоја донација ќе оди таму каде што е најпотребна.
На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди – ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница.
Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се!
/ПР – euhouse.mk
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (28 април)

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
Здравје и убавина
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.
Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.
Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.
Извор: Денар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (27 април)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (28 април)
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) КУД „Рацин“ Кичево во полна сала вчера го реализираше традиционалниот „Велигденски концерт“ на песни и ора „Писмо дојде“
-
Македонија5 часа
Од ноќеска поскапуваат нафтените деривати, ова е новата цена!
-
Спорт22 часа
ФФМ со експресно соопштение ја извести јавноста во врска со случајот ФК Гостивар
-
Здравје и убавина1 ден
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот
-
Скопје22 часа
СВР Скопје изрече 96 санкции, 41 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената
-
Занимливости2 часа
Светскиот гигант „Google“ ќе ги враќа вработените во своите канцеларии, работењето од дома ќе стане минато