Магазин
Јужна Кореја го отстранува DeepSeek од продавниците

Јужна Кореја го забрани преземањето на DeepSeek поради загриженост за безбедноста на податоците.
Владината агенција привремено го забрани преземањето на DeepSeek и истакна дека апликацијата ќе биде повторно достапна штом се направат потребните правни измени за да се осигура дека нејзиното работење е во согласност со законите за заштита на личните податоци во земјата.
DeepSeek брзо стана исклучително популарен во Јужна Кореја, достигнувајќи над еден милион корисници неделно и скокна на врвот на продавниците за апликации. Неговиот нагол пораст на популарноста привлече внимание ширум светот, а некои држави веќе поставија ограничувања за користење на оваа апликација поради загриженост за националната безбедност.
Јужна Кореја го отстрани DeepSeek од Apple App Store и Google Play, откако неколку владини агенции им забранија на своите вработени да го преземаат четботот на нивните работни уреди.
Оние кои веќе ја имаат DeepSeek на своите уреди можат да продолжат да ја користат апликацијата, а пристапот е сè уште можен преку веб-страницата на DeepSeek.
Извор: BBC
Магазин
Најбрз домашен сладолед со само една состојка

Верувале или не, за овој вкусен и кремаст сладолед потребна ви е само една состојка – банана. Ова е одличен избор за оние што сакаат нешто освежително, без додаден шеќер, глутен или вештачки состојки.
Основен рецепт
Состојки:
-
2 зрели банани
Подготовка:
-
Излупете ги бананите и исечете ги на тркалца.
-
Ставете ги во сад или кеса за замрзнување и оставете ги во замрзнувач најмалку 2 часа.
-
Кога ќе се замрзнат, ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса со текстура на сладолед.
-
Послужете веднаш или вратете го сладоледот во замрзнувач уште половина до еден час за поцврста конзистенција.
Идеи за вкусови:
Доколку сакате да експериментирате, додадете некои од овие состојки во блендерот за да добиете различни варијации:
-
Кикирики вкус: 3 лажици путер од кикирики + 2 лажички мед
-
Чоко-лешник вкус: 3–4 лажици намаз од чоколадо и лешник
-
Јагодова свежина: Неколку замрзнати јагоди + 2 лажици слатка павлака (вратете го во замрзнувач за да се стегне)
-
Класично чоколадо: 3 лажици какао + 2 лажици павлака + 1 лажичка екстракт од ванила (оставете повторно да се стегне)
Овој рецепт е совршен за топли денови, кога сакате нешто брзо, здраво и домашно!
Магазин
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!

Ако барате нешто брзо, лесно и освежително за време на горештините, овој мус од малина во чаша е совршен избор. Не ви треба рерна, само неколку минути и малку фантазија за сервирање.
Потребни состојки:
-
150 г свежи или одмрзнати малини
-
40 г пастеризирани белки од јајца
Подготовка:
-
Подготовка на овошјето:
Ако користите замрзнати малини, оставете ги целосно да се одмрзнат и отстранете го вишокот течност. Потоа изблендирајте ги во мазна смеса. Доколку сакате помека текстура, процедете ги низ сито за да ги отстраните семките. -
Матење белки:
Во посебен сад изматете ги белките додека не добиете цврст снег. -
Комбинирање:
Полека соединете ги двете смеси, мешајќи со шпатула и нежни движења за да го задржите волуменот.
Послужете во чаши, а по желба декорирајте со свежо овошје, нане или малку рендана чоколада.
Извор: SD
Хороскоп
Хороскоп за вторник (24 јуни)

ОВЕН
Може да очекувате полека, чекор по чекор, успех на деловно поле. Може да се надевате на средба со личноста која ви се допаѓа. Ако сте во врска, задоволни сте. Избегнувајте цигари.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (23 јуни)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C
-
Магазин4 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили4 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Магазин4 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка