Кичево
Ѓоко Јовиќ & Енерџи Бенд викендов за прв пат со комерцијална свирка пред кичевчани во „Куќа на Уметноста“
Еден од моментално најпознатите фолк изведувачи во Македонија, Ѓоко Јовиќ заедно со неговиот„Енерџи бенд“ за прв пат доаѓаат на комерцијална свирка во кичевскиот комплекс „Куќа на Уметноста“ оваа сабота на 13.11.2021 со почеток од 20:00 часот.
И овој пат, како и секогаш кога настапуваат познати македонски музички имиња локалот ќе ви ги понуди највкусните јадења и пијалоци, ваше е само да резервирате на 071/321-166 и вечерта да го обезбедите вашето друштво на најблиски и најсакани.
Бидете дел!
Кичево
(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на должина од околу 800 метри на ул. „Тренко Тасески“ што би рекле во длабоко заборавената населба „Иванидол“. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.
Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.
– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.
За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Кичево18 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија2 денаПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Спорт2 денаВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф
-
Временска прогноза20 часаВо овој момент се формира влажен бран кој носи обилен дожд и невреме!
-
Македонија2 денаНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
-
Култура2 дена(ФОТО) Празничната убавина во чест на Христовиот војвода во славниот манастир на свети Георгиј во Рајчица

