Спорт
Ѓоковиќ играше повреден, за медиумите изјави дека се надева на поголема подготвеност во Торино
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека веќе неколку дена има проблеми со повреда на зглобот на десната рака, пренесуваат британските медиуми.
Ѓоковиќ настапуваше за „Тим Европа“ на Лејвер купот во Лондон. Тој во саботата одигра два меча, еден во сингл и еден во двојки, а претходно денеска беше поразен од Феликс Огер-Алијас со 6:3, 7:6.
– „Се борев со болките на десниот зглоб во последните четири/пет дена, но го држев под контрола. Денеска не беше лесно, бидејќи не можев да сервирам брзо и прецизно како што сакав. Не играв за три месеци не го користев многу зглобот. Можеби затоа ме болеше малку, но делумно е и поради двата меча што ги одиграв вчера. Се надевам дека ќе се поправи до мојот прв натпревар во Израел. Не е истиот зглоб со кој имав проблем пред неколку години, за време на Олимпијадата во Рио де Жанеиро“, изјави Ѓоковиќ.
Тој од Лондон ќе отпатува за Израел каде следната недела ќе игра на АТП турнирот во Тел Авив.
– „Мојата цел е да се пласирам на завршниот турнир во Торино. Сега сум 15-16-ти на листата за оваа година, а треба да бидам на 20-та за да се квалификувам на завршниот турнир како грен слем шампион. По тел Авив, ќе играм во Астана, а потоа и на Мастерсот во Париз и се надевам во Торино“, изјави Ѓоковиќ.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија2 денаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Хороскоп20 часаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Спорт1 денУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Култура2 денаДенес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Македонија1 денАМСМ: Една коловозна лента во правец Охрид-Св.Наум има вода, сообраќајот се пренасочува по лева коловозна лента
-
Македонија1 денЦУК: Истакна соопштение за состојбата на водостоите на реките, излевања, поплавени објекти и одрони по региони ширум Македонија
-
Македонија1 денПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
