Спорт
Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето, Медведев беше подобар со 2:0 во сетови

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето во Дубаи, бидејќи во полуфиналето подобар од него беше Русинот Данил Медведев со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).
Ова беше најслабиот турнир на српскиот ас на овогодинешниот турнир од АТП серијата 500 во Обединетите Арапски Емирати, а Медвед сосема заслужено се пласираше во новото финале во кариерата.
Ѓоковиќ направи многу грешки, особено во првиот сет, а Медведев имаше прилично лесен пристап до брејк топките, кои најмногу ги користеше. На овој начин петкратниот шампион во Дубаи го заврши своето учество порано отколку што очекуваше, а за титулата во финалето ќе се борат Андреј Рубљев и Данил Медведев.
Во првиот сет Медведев направи брејк веќе во петтиот гем, а во седмиот го стори истото, поведувајќи со огромни 5:2 во гемовите. Ѓоковиќ успеа да врати еден рибрејк на крајот од првиот сет кога заигра нешто подобро, но тоа беше се од српскиот ас во тој период од играта.
Русинот доби брејк уште на почетокот на вториот сет и голема предност која ја задржа до крајот на мечот кој траеше 94 минути.
Така Русинот го намали резултатот на 9:5 и ја прекина серијата на Новак од четири победи по ред во меѓусебните дуели. Тоа ја прекина и серијата на Ѓоковиќ од 20 последователни победи, од кои 15 забележа сезонава, на турнирите во Аделаида, Австралија Опен и воведното коло во Дубаи.
Спорт
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 19. јуни меѓу Англија – Македонија во Манчестер, дека платформата, односно линкот ТУКА за купување билети се затвора во четврток, 15. јуни.
Билетите се по цена од 30 и 40 британски фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824
На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.
Важни напомени за посетителите на натпреварот:
- Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете тука
- Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.
- Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.
Спорт
Од понеделник започнува продажбата на билети за фудбалскиот квалификациски меч Македонија со Украина, ова се предвидените цени

Во понеделник, 5. јуни, ќе започне продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Украина (16. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024. Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300 и 400 денари.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Украина ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА (Национална арена „Тодор Проески“, 16. Јуни, 20:45 часот)
Цени на билети:
Северна Трибина
Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 300 денари
Јужна Трибина
Блок 1, 2, 5 и 6 300 денари
Блок 3 и 4 400 денари
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 14-ти, 15-ти јуни и на денот на натпреварот, 16-ти јуни од 10:00 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до многу важна победа од квалификациите за Европското првенство 2024.
Спорт
Милевски: „Фокусирани сме на мечот со Украина, ќе се обидеме да одиграме на високо ниво со двете репрезентации“

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).
Во најдобриот состав на македонската репрезентација дебитант е фудбалерот на дански Сондерјиске, Сефер Емини. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 29 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија
Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар
Дени ИЛИЕВ – ХЈК Хелсинки, Финска
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Инглоштад, Германија
Ѓоко ЗАЈКОВ – Универзитатеа Крајова, Романија
Дарко ВЕЛКОВСКИ – Ал Етифак, Саудиска Арабија
Стефан РИСТОВСКИ – Динамо Загреб, Хрватска
Езѓан АЛИОСКИ – Фенербахче, Турција
Егзон БЕЈТУЛАИ – Шкендија
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија
Владица БРДАРЕВСКИ – Шкупи
Бојан ДИМОСКИ – Академија Пандев
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција
Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија
Аријан АДЕМИ – Пекинг Гуан, Кина
Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска
Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска
Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија
Давор ЗДРАВКОВСКИ – АЕЛ Лимасол, Кипар
Сефер ЕМИНИ – Сондерјиске, Данскa
НАПАД:
Александар ТРАЈКОВСКИ – Ал-Фејха, Саудиска Арабија
Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка
Дориан БАБУНСКИ – Дебрецин, Унгарија
Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција
Илија НЕСТОРОВСКИ – Удинезе, Италија
Љупче ДОРИЕВ – Шкендија
Стефан АШКОВСКИ – Ламиа, Грција
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Украина и Англија од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 10. јуни во х. Хилтон во Скопје.
По објавата на листата фудбалери, селекторот за медиумите даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.
-На списокот не се наоѓаат Дарко Чурлинов и Бојан Миовски,им посакувам и на двајцата брзо да се опорават и да се стават на располагање. Дарко моментално е хоспитализиран во клиничкиот центар во Белград поради здравствени компликации.
-Сефер Емини за прв пат е повикан во репрезентацијата на Македонија за претстојните натпревари со Украина и Англија. Игра стандардно во Данска и заслужи да биде дел од тимот.
-Останавме без две опции во нападот, но верувам дека ќе успееме да се прикажеме во добро светло и ќе успееме да го извлечеме максимумот. Се надевам дека сите ќе бидат подготвени до почетокот на натпреварите.
-Муслиу по повредата ги одигра последните мечеви за својот клуб. Останатите се тие што беа и во март. Сите кои се тука се најдобрите и сите се во комбинација за настап. Кој ќе почне во нападот ќе видиме.
– Во овие речиси две години, одигравме само еден натпревар комплетни, тоа беше натпреварот со Португалија. На сите останати дуели не бевме комплетни. Ќе се обидеме да одиграме на едно високо ниво против две силни репрезентации.
-Првиот меч го играме против Украина. Ние сме сконцентрирани само на тој натпревар, за Англија ќе размислуваме подоцна. Украинците го имаат речиси непроменето составот од претходното Европско првенство, со исклучок на неколку измени. Дури и да дојде до промена на селекторското место, играчите се тие, повиканите. Мораме да размислуваме позитивно, нашата цел е остварување на победа, бидејќи во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери.
-На подготовките последни ќе пристигнат Алиоски и Илиев, бидејќи последните мечеви со своите клубови ги играат на 10 јуни.
-
Кичево6 часа
(ФОТО) Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ блесна со нови канделабри и останати наменски намирници благодарение на група граѓани
-
Временска прогноза1 ден
Викендот пред нас нови најави за нестабилност на времето, се чини така останува да биде до крајот на месецот…
-
Кичево38 минути
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (7 јуни)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (6 јуни)
-
Спорт1 ден
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Apple претстави нов уред кој чини околу 3.500 евра ФОТО
-
Магазин1 ден
Маск: Кина ќе иницира регулатива за вештачка интелигенција