Следете не

Спорт

F1: Возачите на „Ред Бул“ доминантни, за големата награда на Бахреин ќе започнат од двете почетни точки

Објавено пред

на

Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез, ќе започнат со првите две почетни точки на големите награди на Бахреин, првата трка од новата сезона во Формула 1.

Тоа е Верстапен на 22-ри позиција во неговата кариера, прва од големата награда на Абу Даби минатата година. Третиот и соседството се Леклерк и Саинц во Ферари, додека петтиот е одличен Алонсо во Астон Мартин.

Големата награда на Бахреин е управувана од утре од 16:00 часот по Централноевропско време.

„Highlight“ од денешниот настан може да погледнете ТУКА

Спорт

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија. Дизајнот на новиот дрес останува верен на македонското фудбалско наследство, додека резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.

Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.

Стилските букви на презимињата и броевите на дресовите се во духот на нашата историја и традиција, со оглед на тоа што се инспирирани од кирилицата.

– Исклучително сум горд што имам привилегија да го носам прекрасниот македонски дрес. Со нетрпение очекувам да го облечеме новиот дрес кој ја следи препознатливата традиција. Нашиот дрес со сонце е еден од најпрепознатливите и сигурен сум дека ќе биде многу популарен меѓу нашите навивачи, изјави капитенот македонската репрезентација, Стефан Ристовски.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди од македонската фудбалска репрезентација со најискрени насмевки

Објавено пред

на

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини сподели видео каде дечињата ги пречекуваат фудбалерите на македонската репрезентација, каде истакна:

„Многу детски насмевки, позитивна енргија, на тренингот на нашите златни момци. Идолите на младите генерации го почнуваат походот кон ново големо историско остварување, и ново Европско Првенство, а најмладите, најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди, кои кај нив ги предизвикуваат најискрените насмевки.“

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонија до 21 година ги започнува подготовките за „Анталија Куп 2023“

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23.март), Финска (25. март) и Словачка (28.март).

Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.

Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.

– Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации.

-Идеме чекор по чекор, не очекува уште многу работа до почетокот на квалификациите, моментално е најбитно овој подготвителен период во Анталија да го искористиме на најдобар можен начин, да ја унапредиме нашата игра за да можеме максимално подготвени да го дочекаме почетокот на квалификациите.

Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати. 

Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години

Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Од денес на нови дресови гордо ќе свети македонското сонце на градите од фудбалерите на Македонија!

Фудбалската федерација на Македонија и техничкиот партнер ЈАКО го претставуваат новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација. Препознатливото сонце истакнато на...

Lifestyle4 часа

Доаѓа пеколот, подгответе се: Научниците објавија водич за преживување на климатска катастрофа

Владите претходно се согласија да работат заедно за да се избегне пораст на глобалните температури од 1,5 Целзиусови степени. Но,...

Магазин4 часа

Apple подготвува уред со флексибилен екран – ќе има иновативна технологија

Веќе слушнавме информации дека Apple планира да влезе во пазарната трка во областа на уреди со флексибилен екран, а новиот...

Видео5 часа

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! (ВИДЕО)

Магичен трик од кој ќе ве боли глава! Можете ли да откриете како девојката завршила на столот? Видеото собра повеќе...

Автомобили5 часа

Во зимски услови, опсегот на електрични автомобили опаѓа и до една третина

Растојанието што електричните автомобили можат да го поминат во зима со полна батерија е за една третина помалку од рекламираното,...

Магазин5 часа

Еве што Xbox Series X може да направи, а PlayStation 5 не може

Долго време се води дебата за тоа дали Xbox Series X е подобра конзола од Sony PlayStation 5. Колку и...

Магазин5 часа

Повеќе од 150 милиони корисници би можеле да останат без TikTok

Кинеската социјална мрежа TikTok објави дека има 150 милиони месечни активни корисници во САД, што е за 50 отсто повеќе...

На денешен ден9 часа

На денешен ден – 21 март | Денес и официјално започнува пролетта, а бележиме и ден на Екологијата..

21 март е вообичаената дата на која настапува пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на северната полутопка, односно есенска рамноденица...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (21 март)

ОВЕН Иако не треба да очекувате посериозни проблеми, ќе имате прилично тешко да ги држите работите под контрола. Не верувајте...

Спорт18 часа

(ВИДЕО) Најмладите најубаво знаат да ги пречекаат своите звезди од македонската фудбалска репрезентација со најискрени насмевки

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини сподели видео каде дечињата ги пречекуваат фудбалерите на македонската репрезентација, каде истакна:...

НАЈЧИТАНИ