Спорт
Ѓоковиќ повторно не доби вечерен термин за играње, србите лути на организаторите на Англискиот „Опен“ турнир во Вимблдон
Организаторите на Англискиот опен, кој се игра на Вимблдон, ги објавија датумите на четвртфиналните натпревари кои се закажани за в среда, и повторно како што пишува српски „курир“- првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ не го добил заслужениот третман од домаќините.
Ѓоковиќ ќе игра против Мартин Фуковиќ на централниот терен од 14:30 часот, односно во текот на денот за разлика од Роџер Федерер, кој повторно го доби вечерниот термин. Швајцарецот ќе го одигра натпреварот против Хуберт Хуркац на централниот терен веднаш по Ѓоковиќ, во далеку подобри временски услови.
На теренот број 1, Карим Качанов и Денис Шаповалов ќе бидат први на теренот од 14 часот, а по нив следуваат Матео Беретини и Феликс Ожеа-Аласима.
Победникот од мечот Ѓоковиќ – Фуковиќ во полуфиналето ќе игра против подобриот играч од мечот Хачанов – Шаповалов.
Спорт
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“

Германската фудбалска лига (DFL) воведува важни новини во начинот на користење на ВАР технологијата за претстојната сезона. Почнувајќи од 22 август, судиите во Бундеслигата ќе ги соопштуваат причините за сите ВАР одлуки јавно пред публиката. Истата практика ќе започне и во Втората лига од 17 октомври.
Дополнително, гледачите на стадионите и преку телевизија ќе добијат пристап до повеќе информации, вклучувајќи и снимки направени со камери поставени на телото на судиите. Оваа технологија, која досега се користеше само на ФИФА натпревари, сега е одобрена од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) и може да се користи и на домашни лиги ако организаторите го побараат тоа.
Со овие новини, судиите во Бундеслигата ќе ги објаснуваат своите одлуки директно пред публиката по консултација со ВАР и преглед на снимките, овозможувајќи поголема транспарентност и разбирање на судиските интервенции.
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ пушти во употреба нов фудбалски терен во населба Илинден

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во општина Илинден го пушти во употреба новиот терен со вештачка трева, проект реализиран од програмата Форвард на ФИФА во соработка со Општина Илинден.
– „ФФМ ќе продолжи да инвестира во вакви инфраструктурни проекти ширум државата. Овие инвестиции се за младите, за клубовите и за развојот на македонскиот фудбал,“ истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Официјалното видео од ФФМ може да го прегледате ТУКА
Нека е со среќа!
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (29 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (30 јули)
-
Кичево3 часа
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Временска прогноза1 ден
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица
-
Lifestyle1 ден
Колку кафе е премногу? Експертите откриваат каде е границата
-
Lifestyle1 ден
Сè што треба да знаете за перењето фармерки
-
Lifestyle1 ден
Како да го исчистите шпоретот без штетни хемикалии: Еден природен трик што сите го имаме дома
-
Спорт3 часа
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“