Спорт
Ѓоковиќ пристигна во Мадрид, каде одвои драгоцено време за своите фанови, а подоцна и да тренира пред полни трибини
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ пристигна во Мадрид, а неговата појава предизвика сериозен хаос.
Голем број навивачи го чекаа Новак во главниот град на Шпанија, каде од 1 до 8 мај ќе се одржи турнир од мастерс категорија. Интересно е да се види како Ѓоковиќ го обожаваат на местото каде до неодамна го исвиркуваа, кога и да имаа можност.
¡Ya tenemos en 🇪🇸 a un tenista muy especial!
🇷🇸@DjokerNole ya está en el #MMOPEN y así lo han recibido los aficionados
🤣Se le va a acabar la tinta al bueno de Nole.. pic.twitter.com/7es0plL1Ji
— RTVE Deportes (@deportes_rtve) April 30, 2022
Ѓоковиќ одвои доста време да им даде автограми на насобраните фанови во тенискиот комплекс во Мадрид, а потоа тренингот го одработи пред преполните трибини.
Some volleys pic.twitter.com/Tlxt0ArmEM
— muguruthless (@IdemoAna) April 30, 2022
Србинот трипати го освои турнирот на мадридска земја, последен пат во 2019 година кога во финалето го победи Стефанос Циципас (6:3, 6:4).
Титулата ја брани Александар Зверев, кој е во лоша форма пред почетокот на турнирот. Се очекува рекордер на турнирот да биде Рафаел Надал, кој пред своите навивачи триумфираше пет пати.
/Курир (спорт)
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
Спорт
Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна интегрално соопштение и се заблагодари за досегашната соработка. Неговото обраќање пред јавноста гласеше вака:
– Искрено сакам да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите нејзини претседатели Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ кои од 2014 година наваму обезбедуваа стабилни услови и поддршка, што овозможија да се испишат значајни страници во историјата на македонскиот фудбал.
Посебно признание должам на актуелниот претседател Масар Омерагиќ за неговата континуирана, јасна и несебична поддршка во изминатиот период. Таквите темели се клучни за секој професионален процес да функционира сигурно и доследно во спортот, но и пошироко.
Горд сум на нашите фудбалери. Нивната трудољубивост, борбеност и силна волја ни донесоа резултати што долго ќе се паметат. Тие вистински го претставија духот на Македонија, а тоа ме исполнува со искрена гордост.
Голема благодарност упатувам и до мојот стручен штаб, како и до медицинскиот и логистичкиот тим, за нивната професионалност и беспрекорна соработка. Секој од нив си ја извршуваше задачата тивко, прецизно и посветено, како дел од тим што мора да функционира усогласено за да успее.
Навистина беше чест да ја предводам репрезентацијата и да бидам дел од овој колективен напор. И понатаму ќе останам со тимот со внимание, поддршка и почит, заврши Милевски.
Извор: ФФМ
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп4 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Здравје и убавина1 денДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија7 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија12 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт6 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
-
Свет3 часаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
