Следете не

Спорт

Ѓоковиќ шампион, 24-та Грен слем титула патува за Србија!

Објавено пред

на

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои 24. Грен слем титула во кариерата.

Во спектакуларното финале на УС Опен, Ѓоковиќ го победи Русинот Данило Медведев со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 (7:5), 6:3.

Натпреварот кој се играше на стадионот „Артур Еш“ под затворен покрив траеше три часа и 16 минути.

Ова беше повторување на финалето од 2021 година, кога Медведев го запре Ѓоковиќ на последното скалило за освојување на Златниот слем, односно сите четири Грен слем турнири во сезоната.

Новак претходно ги освои Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон, но застана во Њујорк.

Честитки!

Спорт

Македонската „А“ женска фудбалска репрезентација поразена од фаворитот Словенија

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската женска А репрезентација загуби од Словенија во натпревар од 2. коло во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Словенија славеше со 5:0.

Словенечките фудбалерки ја оправдаа улогата на фаворитки на овој меч откако веќе по првото полувреме обезбедија предност од 2:0.
Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута ги дадоа головите за гостинките. Во првиот дел, нашата селекција имаше две прилики преку Гентјана Рочи и Павлина Николовска. Голманката Панчурова имаше неколку добри интервенции по првите 45. минути.

Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута го постигна голот за 0:3, а последните два погодоци за Словенките ги постигнаа Кајзба и Колбл во 84. и 88. минута.

На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 4:3.

Македонија: 1. В. Панчурова, 16. В. Недева, 20. И. Лимани, П. Николовска, 15. Е. Паневска (53’ Петровска), 14. М. Нацева (70’ Шопов), 8. А. Марковска, 10. Н. Андонова, 4. Р. Велкова (46’ Мустафа), 9. И. Максути, 7. Г. Рочи; Селектор: Александар Андов

Прочитај повеќе...

Спорт

Браво девојки! Македонската женска фудбалска селекција до 19 години се пласираше во „Лига А“ за пласман на Европското првенство

Објавено пред

на

©ФФМ

Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа против Велс со 2:1. Со максимални три победи селекцијата на Астрит Мерко обезбеди место во Лига А квалификации за пласман на Европско првенство.

Македонија во воведните две кола од турнирот во Молдавија запиша победи против Молдавија (4:0) и Литванија (2:0). Извлекувањето на противниците за септемвриските квалификации за пласман на Европско првенство, нашата репрезентација ќе ги добие од Лига А.

На мечот против Велс кој решаваше за првото место, Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.

Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа против Литванија

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години ја запиша и втората победа на квалификацискиот турнир од втората рунда од Б лигата што се одржува во Молдавија.

Нашите млади девојки беа подобри од Литванија со 2-0. Водство од 1:0 за нашиот национален тим донесе Петкова во 26. минута на асистенција на Јосифова. Петкова во 77. минута ги постави конечните 2:0. Македонија во првото коло славеше против Молдавија со 4:0.

На 9. април против Велс решаваме за првото место и кој ќе оди ранг погоре, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија44 минути

Мајкрософт поправи рекорден број безбедносни проблеми

Мајкрософт официјално испорача рекорден број безбедносни ажурирања за своите производи, а компанијата ги окарактеризира овие ажурирања како критични. Според компанијата,...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (12 април)

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

Магазин23 часа

Зошто се чека толку долго за преклопливи уреди на Apple?

Apple се справува со нов предизвик во развојот на преклопливи екрани без набори за iPad. Apple работи на преклопливи уреди....

Автомобили24 часа

Tesla работи на развој на роботакси

Tesla претставува роботакси на 8 август, објави Илон Маск на X часа откако Ројтерс објави дека производителот на автомобили се...

Магазин24 часа

Алатките за уредување слики на Google Photos AI стануваат бесплатни за сите корисници

Алатките за уредување слики со AI на Google Photos се прошируваат на корисници кои не се претплати, што ги прави...

Магазин24 часа

Дали Apple навистина е подобар во приватноста? Експертите велат не!

Група истражувачи од Одделот за компјутерски науки на Универзитетот Алто во Финска ги објавија резултатите од студијата според која е...

Магазин24 часа

Корисниците на iPhone тврдат дека најновото ажурирање на Apple iOS ги прави уредите неупотребливи, сепак постои решение

Корисниците на iPhone тврдат дека најновото ажурирање на Apple iOS ги прави уредите неупотребливи. Сепак, постои решение за овој проблем....

Магазин24 часа

Серијата телефони Samsung Galaxy S20 ја добива својата петта година на ажурирања

Samsung неодамна ја продолжи поддршката за Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra, обезбедувајќи дополнителна година ажурирања за овие...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (11 април)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Кичево2 дена

Вчера во атарот на село Зајас се запалила ниско стеблеста дабова шума и грмушки, апелираме за поголемо внимание!

На 09.04.2024 год во 15:55 часот, во полициското одделение во кичевското село Зајас, е пријавено дека, во месноста „Нова населба“,...

НАЈЧИТАНИ