Следете не

Свет

Ѓоковиќ тргна за Белград, неговиот лет на „Flightradar“ го пратат преку 1000 луѓе

Објавено пред

на

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го загуби случајот пред Федералниот суд на Австралија, што значи дека ќе биде депортиран од таа земја и нема да може да настапи на Австралија опен.

Според последните информации, авионот во кој се наоѓа Ѓоковиќ ја напуштил Австралија и е на пат за Дубаи.

Судиите ја отфрлија неговата жалба, откако австралиската влада неодамна му ја укина визата на Ѓоковиќ, кој не беше вакциниран, неодамна по втор пат, означувајќи го како закана за јавното здравје.

Така се погребани сите надежи дека Ѓоковиќ ќе се обиде да ја одбрани титулата во Мелбурн и да го освои 21-от рекорден Грен слем.

Ѓоковиќ вели дека е „крајно разочаран“, но дека ја почитува пресудата.

„Непријатно ми е што целото внимание беше насочено кон мене изминативе недели, се надевам дека сега сите ќе може да се посветиме на играта и турнирот што ги сакам“, рече тој во изјавата.

„Ќе соработувам со надлежните органи во врска со моето заминување од земјата“, додаде тој.

Сајтот за следење летови FlightRadar потврди дека летот на Ѓоковиќ е најмногу следен на нивната веб-страница.

Илјадници луѓе плаќаат за патувањето на тенисерот низ Австралија до Дубаи.

Летот трае 13 часа.

ФОТО: Reuters

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили9 минути

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа 1600 cм³, и четврто место во друга класа на...

Фото: Yivan @ unsplash Фото: Yivan @ unsplash
Автомобили6 часа

Заборавете на замаглувањето на прозорците: Како да се ослободите од влагата во автомобилот

Во текот на есента и зимата, влагата во автомобилот станува чест и непријатен проблем. Замаглените прозорци ја намалуваат видливоста, го...

Фото: an_vision @ unsplash Фото: an_vision @ unsplash
Lifestyle6 часа

Јаболката се чудо за вашето здравје – еве два десерти што ќе ги правите цела есен

Звучи неверојатно, но обичното јаболко може да биде вистинско чудо за вашето здравје. Ова овошје што сите го имаме при...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин7 часа

WhatsApp конечно воведува кориснички имиња – резервирајте го вашето навреме

Најпопуларната апликација за пораки конечно добива функција што корисниците ја бараат со години – можност за поврзување без откривање на...

Фото: Y M @ unsplash Фото: Y M @ unsplash
Lifestyle7 часа

Дали треба да го исклучувате инвертер клима уредот?

Прашањето дали треба да се исклучува инвертер клима уредот често предизвикува забуна кај многу сопственици. Можеби сте се запрашале дали...

Македонија18 часа

Денес се чествува 84 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Денес се чествува 84 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат...

Спорт18 часа

Македонија се враќа од Гент со бод вреден „злато“ – Остануваме први во групата „Ј“ – уште една потврда дека националниот тим станува фактор кој не смее да се потцени!

Фудбалската репрезентација на Македонија приреди вистинска сензација во Брисел! Во рамките на квалификациите за Светското првенство, нашите момци успеаја да...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за сабота (11 октомври)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт22 часа

Ова е стартниот состав на Македонија против Белгија вечерва во рамки на квалификациите за Светското првенство

Селекторот Милевски се одлучи за овие стартни 11-мина против Белгија на гостински терен, да им посакаме среќа! Извор: ФФМ

Временска прогноза1 ден

Викенд метео анализа, ќе дува силен ветер, утре не е исклучена можноста за локален слаб дожд – ова се најновите информации..

За време на овој викенд, особено утре (сабота 11 октомври) во Република Македонија ќе имаме малку повеќе облачност која ќе...

НАЈЧИТАНИ