Кичево
Голем електродистрибутивен зафат на ЕВН КЕЦ Кичево, речиси сите околни села ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локации и околни села:
31.10.2022 – понеделник:
- Локација: Осломеј „Репетитор“ (Од 08:40 до 15:00 часот)
01.11.2022 – вторник:
- Воени Магацини Орланци, с. Миокази, с. Орланци, с. Речани, с. Крушица, с. Светорача, с. Патеец, с. Дупјани и с. Козичино (Од 8:35 до 15:00 часот)
- с. Зајас, с. Тајмиште, с. Колибари, с. Трапчин Дол, с. Длапкин Дол, с. Грешница, с. Араѓел, с. Туин, с. Србица, с. Црвивци, с. Лазоровци, с. Мамаудовци, с. Гарани, с. Стрелци, с. Премка, с. Јагол, с. Бериково, с. Папрадиште, Демир Маало, с. Бачишта, с. Осој, с. Раштани, ул. Влашки Пат, ул. Осојски Пат, ул. Партизански Одреди, дел од ул. Јанко Михајловски, нас. Пашино, ул. 22ри Декември, дел од ул. Гоце Делчев, с. Кнежино, ХПП Бачишта (Од 10:00 до 11:30 часот)
- ПЛАСНИЦА, с.Преглово, с.Двроци, с.Ижиште, с.Русјаци, с.Латово, с.Сланско, с.Дреново, Итал Мармо и Рудник Бор (Од 09:05 – 15:00 часот)
- Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
– За нашиот портал известува ЕВН Македонија.
Кичево
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!

Во рамки на денешниот ден во Кичево се реализира и 11-тата по ред „Мото Парада“ низ кичевските улици, во чест на нашиот празник „Петровден“, именденот на нашата кичевска православна црква Св.Петар и Павле.
Благодарност до БПС-ОВР Кичево за нивниот професионализам и целосната поддршка околу безбедност во сообраќајот, како никогаш до сега беспрекорно ја завршија својата работа, како и до сите учесници, до сите кои со своето присуство оддадоа почит кон празникот, дај боже од година за година да се збираме во уште поголем број!
Благодарност и до „City Caffe“ кој отстапија паркинг место за сите моторџии.
Дидо! 🙌
Вечна традиција!
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
-
Кичево21 час
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Кичево2 дена
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Кичево13 часа
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Култура2 дена
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Lifestyle2 дена
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите