Следете не

Македонија

Големо поскапување на дизелот од ноќеска, ова се новите цени

Објавено пред

на

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари, а бензините за по два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,36 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува по 63,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 73, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 75 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,101 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,981 денари.

Македонија

ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:

село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)

Инфо: струја

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.

Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Прочитај повеќе...

Македонија

Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

Објавено пред

на

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).

Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Се работи на расчистување на настанот.

За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин58 секунди

DuckDuckGo, прелистувач наводно фокусиран на приватноста на корисниците, фатен во лага: Сè уште има следење

Ова е дел од договорот меѓу двете компании, кој е поврзан со пребарување на Интернет и собирање лични податоци Прелистувачот...

Автомобили5 минути

Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин

Пресметките што ги спроведува ADAC се базираат на просечен период на одржување од пет години, со годишна километража од 15.000...

Свет16 минути

Twitter казнет 150 милиони долари поради лажење и продажба на приватни податоци на корисниците

Американската Федерална трговска комисија го казни Twitter со 150 милиони долари затоа што на огласувачите им обезбедил кориснички информации, вклучително...

Магазин31 минута

Netflix ги проширува своите функции

Netflix воведува дополнителни функции за пристапност за целата своја глобална публика. Прилагодување Netflix ќе ги прошири своите функции за пристапност...

Магазин36 минути

Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7

Wi-Fi 6 и 6e сè уште изгледаат како многу нови и сè уште сеприсутни стандарди, а Wi-Fi 7 е речиси...

Култура39 минути

Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар. Празнувањето традиционално започнува најпрво...

Магазин40 минути

Како да спречите апликацијата iOS Photo да го прикажува она што не сакате да го запомните

Замислете го ова: имате убав ден, времето е одлично, уживавте во брилијантен појадок… и одеднаш вашиот iPhone покажува спомен –...

Магазин47 минути

Еве некои од најдобрите начини за справување со е-отпадот

Со рециклирање, можете да избегнете загадување на животната средина и други токсични последици. Електронскиот отпад или е-отпадот се однесува на...

Магазин1 час

На овие уреди може да инсталирате Android 13 денес

Еве детална листа на сите модели кои можат да ја преземат бета верзијата на Android 13 во моментот и да...

Хороскоп13 часа

Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток

ОВЕН Оваа недела Овенот веројатно ќе сака да има пријатно искуство. Ова е вистинско време за ова, особено за викендот....

НАЈЧИТАНИ