Македонија
Стојне Николова вечерва со македонците во дворот на храмот св.Илија во с.Крклино
Супер атрактивната фолк дива Стојне Николова со придружба на маестро Бобан Мојсовски и бендот вечерва ги обедини македонците ширум Македонија и дијаспората, во пресрет на големиот Христијански празник „Илинден“.
Покрај преубавата македонска песна, вкусната храна, веселиот македонски народ, кој оваа традиција ја чествува 20 години, можат да се забележат и големи музички имиња како гости на настанот.
Нашата екипа исто така се специјални гости на овој настан, така што упатуваме честитки по повод „Илинден“, честит именден на сите кои го носат името Илија, Илина, Иле…
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle2 дена
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин2 дена
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин1 ден
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин1 ден
Meta се затвора во Турција
-
Спорт19 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал