Кичево
Град Кичево вчера втор по најмногу казни за пешаци кои преминуваат на необележан пешачки премин

На 11.04.2023 во периодот од 09 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 43 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин или минувалиште (Охрид-09, Струга-22, Кичево-10, Дебар-02).
За порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“

Дива депонија уште беснее во Кичево, во близина на местото викано „Стара централа“, односно непосредно до кичевското село Србјани.
Четворица пожарникари и возила на ТППЕ Кичево сеуште ја гасат огнената стихија.
Како што добивме инфо, пријавата за пожарот е добиена околу 18ч денес, по што веднаш се интервенирало.
Кичево
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот кон ниска вегетација и деградирана шума.
Благодарение на брзата координација со Територијалната противпожарна единица Кичево истиот бил изгаснат за кратко време, предмалку информираше за јавноста – ЦУК.
Кичево
(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените

Во срцето на Кичево, проектот #BeHerVoice, поддржан од Европската Унија и Еразмус+, го обедини гласот на преживеаните, поддржувачите,заедницата и институциите – со една цел, да ставиме крај на тишината за интимно партнерското насилство, вели г-ѓа Фиданоска.
– Организиран од „Саншајн Кидс“ завршниот настан понуди IPV Toolkit – првата алатка од жени за жени, што нуди јасни чекори за излез и поддршка.
– Панел-дискусија со инспектор од ОВР Кичево отвори врата кон институционална соработка. Две силни видео-пораки на присутните им дадоа до знаење за важноста да се зборува гласно
Марија Станојоска, професорка по музика, ја подигнува свеста,
а Ирена де Сомер, македонка-уметница, мајка и преживеана од ИПВ, сподели дел од себе со своето сведоштво.
Во продолжение на #BEHERVOICE иницијативата овие две дами и Саншајн Кидс продолжуваат со активности– за уште погласна борба.
Ова не беше обичен настан. Ова беше почеток на движење.
🔊 #BeHerVoice продолжува – за секоја жена не биде слушната.
Настанот преку фотографија ви го пренесуваме во целост:
-
Хроника2 дена
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (5 јуни)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (6 јуни)
-
Кичево17 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“
-
Спорт2 дена
ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“
-
Македонија3 часа
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија20 часа
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот