Следете не

Кичево

Граѓаните на Кичево денес ја покажаа својата хуманост на дело и доброволно даруваа крв, во организација на „РЦУК Кичево“ во соработка со „ОО Црвен Крст“ и „Институтот за трансфузиона медицина“ Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамките на активностите за одбележување на 5 Октомври, денот на отпочнување со работа на ЦУК, РЦУК Кичево успешно организира уште една традиционална крводарителна акција.

Оваа акција се спроведува во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина Кичево. Ацијата се реализираше во просториите на Институтот за трансфузиона медицина Кичево.

Во рамките на акцијата од 50 доброволни дарители беа собрани 38 единици крв, со што се покажа хуманоста и солидарноста на вработените од РЦУК Кичево, но и на вработени од други инстиуции и голем број хумани граѓани. Дел од доброволните дарители беа вратени поради здравствени причини.

Галерија:

Кичево

(ФОТО) Со скромна свеченост денес се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија „Мирко Милески“

Објавено пред

на

ФОТО: ОСУ Мирко Милески

Денеска со скромна свеченост се одбележа патрониот празник на кичевската гимназија – ОСУ „Мирко Милески“. Настанот започна со говор на директорот г-дин Бранислав Стојаноски, кој ја истакна важноста на традицијата, посветеноста и заедништвото во образованието.

Свечената програма беше збогатена со настапи од:

Рецитали на нашите ученици
Училишниот хор
Училишниот бенд – под раководство на Проф. Горан Делевски.
Ликовна изложба – под раководство на Проф. Мирослав Крстески’

Со посебна почит беа одбележани и заслужните пензионери – поранешни вработени кои со својот труд и посветеност оставиле траен белег во развојот на училиштето. Ним им беше оддадена благодарност и признание за долгогодишниот придонес.

Со гордост ја продолжуваме традицијата и ги негуваме вредностите што ги оставиле генерациите пред нас!

Прочитај повеќе...

Кичево

За утре закажана „Крводарителна акција“ во Медицински центар – Кичево, „Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“

Објавено пред

на

Почитувани хумани луѓе. Утре (четврток, 2-ри октомври) од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Медицински центар – Кичево во соработка со РЦУК Кичево, се организира крводарителна акција. Ние како најголеми поддржувачи на хуманите акции секако дека ќе бидеме дел, така што Ве повикуваме и Вие да бидете дел и да земете свое учество на овој голем хуман настан, заеднички да ја изразиме нашата хуманост преку дарување на крв, незаменлив секојдневно потребен лек кој спасува многу животи.

Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!

Придружи се и ти, те очекуваме!

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична за велешанец кој бил сопрен превезувајќи огревно дрво со лажна испратница издадена од правно лице

Објавено пред

на

©porta.mk

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.К.(60) од велешкото село Бузалково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Кичево, полициски службеници го затекнале пријавениот при транспорт на огревни дрва со неговото товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, при што е констатирано дека употребил испратница со невистината содржина, издадена од правно лице, а потпишана од одговорно лице, кое повеќе не било во работен однос во правниот субјект, истакна Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

Граѓаните на Кичево денес ја покажаа својата хуманост на дело и доброволно даруваа крв, во организација на „РЦУК Кичево“ во соработка со „ОО Црвен Крст“ и „Институтот за трансфузиона медицина“ Кичево

Во рамките на активностите за одбележување на 5 Октомври, денот на отпочнување со работа на ЦУК, РЦУК Кичево успешно организира...

Македонија5 часа

МВР: Над 100 лица се лишени од слобода во месец септември поради поседување на наркотични средства, запленета поголема количина дрога

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски...

Спорт6 часа

Милевски го истакна составот за квалификациските натпреварувања за СП, со Белгија и Казахстан, Ќамили и Митровски повредени, додека во составот се враќа Бабунски

А репрезентацијата на Македонија влегува во завршната етапа од квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД,...

Фото: Victor Furtuna @ unsplash Фото: Victor Furtuna @ unsplash
Автомобили8 часа

Bentley го враќа класичното купе со V8 мотор и погон на задни тркала

Bentley не се откажува од електрификацијата, но реши дека октанските адути сè уште имаат свое место. Supersports повторно се враќа...

Фото: Heidi Fin @ unsplash Фото: Heidi Fin @ unsplash
Магазин8 часа

Новата војна на Spotify против музиката со вештачка интелигенција: Кој ќе излезе како победник?

Spotify воведува нови политики за подобра контрола на музиката и спамот генерирани од вештачка интелигенција (AI) на својата платформа. Целта...

Спорт9 часа

(ФОТО) ФФМ донираше компјутери во ОУ „Аврам Писевски“ од с.Бардовци, малите дела носат големи промени!

Во насока на општествена одговорност и поддршка на одржливите практики, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во понеделникот донираше компјутери на...

Македонија9 часа

(ФОТО) СВР Охрид успешно реализира обука за работа со „фонометар“, инструмент за мерење јачина на звук

На 29 и 30.09.2025 година, во просториите на СВР Охрид беше реализирана обука за работа со инструмент за мерење на...

Мобилни уреди10 часа

Што носи новиот „iOS 26“? Естетика и функционалност во еден пакет

iOS 26 носи значителни подобрувања во персонализацијата и продуктивноста, овозможувајќи iPhone да стане уште пофлексибилен и прилагоден на потребите на...

Македонија11 часа

МВР: Безбедноста на новинарите на врвот на приоритетите на Министерството за внатрешни работи

Слободата на медиумите и безбедноста на новинарите се столбот на демократското општество. Во тој контекст, Министерството за внатрешни работи ја...

Временска прогноза12 часа

(ФОТО) „Стража“ почна да белее, апел за поголемо внимание, еве какво време нè очекува овие денови

Под влијание на циклонска активност  и на многу ладна воздушна маса која од исток и од североисток, односно од Русија...

НАЈЧИТАНИ