Следете не

Хороскоп

Хороскоп за среда (2 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Можеби сите информации што ги имате не секогаш претставуваат доверливи критериуми, но без големи предизвици, нема поголема деловна афирмација. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси во различни правци. Поминувате низ фаза на осцилации, склони сте на чести промени во однесувањето или расположението. Понекогаш ви е тешко правилно да го усогласите љубовниот ритам и афинитети во врската со блиска личност.

БИК
На повидок се нови деловни обврски кои бараат дополнителен ангажман или нови дилеми кои што поскоро ќе треба да ги решите многу експедитивно. Навреме побарајте нечиј совет кога правите финансиски проценки и инвестиции. Имате впечаток дека вашиот партнер вешто прикрива нешто, што дополнително влијае на вашата несигурност или ја зголемува вашата нервоза. Понекогаш можете непотребно да замислувате работи што другите не ги виделе и да ги преувеличувате вашите идеи.

БЛИЗНАЦИ
Деловните проблеми со кои моментално се соочувате бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате своите можности пред околината. Најдобро е да оставите доверливи луѓе да одлучуваат за некои заеднички интереси. Добрата љубовна стратегија подразбира и подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во односот со партнерот.

РАК
Некој ви дава корисни предлози кои лесно можете да ги примените кога решавате сериозни прашања. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси, за најдобро да ги усогласите разликите што постојат во мислењето или искуството. Моментално ја преиспитувате врската со блиска личност во желба да се разберете што подобро. Имате впечаток дека партнерот ви демантира одредени информации од за вас сосема непознати причини.

ЛАВ
Во договор со вашите соработници, сега можете успешно да решите голем број важни прашања. Продолжете да поттикнувате меѓусебни договори и здружување помеѓу различни луѓе. Погрижете се некој сериозно да ги сфати вашите идеи за финансиските барања што ги имате. Во врската со љубовниот партнер поминувате низ фаза на промена, но не треба да се откажувате. Важно е да делувате позитивно на светот околу вас и постојано да допирате до саканата личност за заеднички промени.

ДЕВИЦА
Понекогаш треба да ги прифатите најтешките околности за да си докажете себеси и на другите дека сте доволно возрасни за да се соочите со секакви предизвици. Потпрете се на вашата интуиција. Со блиска личност можете да надминете сè на добар начин, дозволете вистинската доза на мудрост, емоции и страсти да ве доведе до заеднички љубовни решенија.

ВАГА
Со добра проценка на можностите и правилен избор на соработници, релативно брзо можете да ги постигнете своите цели на деловната сцена. Понекогаш мора да дејствувате енергично или на крајот во друштво на соработници. На вашиот препознатлив начин, знаете како да придобиете симпатии од различни страни. Кога сте расположени, имате впечаток дека ви стојат на располагање најдобрите можности, а потоа најчесто избирате доминантна улога пред партнерот.

ШКОРПИЈА
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажаните правила и да се избегне секаков вид на ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапките на некои блиски пријатели. Се наоѓате во фаза на емотивен подем, па врската со партнерот ја доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.

СТРЕЛЕЦ
Активно учествувате во разни преговори и покренувате иницијатива секогаш кога има добри услови за некаков успех или добивка. Не обрнувате многу внимание на нечии коментари, особено кога тие не се во согласност со вашата основна заложба. Љубовниот партнер има многу инспиративно влијание врз вас и ве наведува да се изразувате послободно. Понекогаш многу лесно можете да се смирите со саканата личност, без посебна приказна или убедување.

ЈАРЕЦ
Вложувате многу труд за да постигнете позитивни резултати во професионалното изразување, но има ненадејни ситуации кои ги нарушуваат вашите планови и бизнис концепт. Треба да се ослободите од дополнителни обврски, немате доволно енергија да се вклучите во неколку забави истовремено. Склони сте кон чести промени во емоционалното расположение, особено во ситуации кога вашиот партнер изгледа отсутен или незаинтересиран за вашите идеи. Сакате повеќе нежност.

ВОДОЛИЈА
Добрите идеи што ги имате бараат и поширока поддршка од онаа во која моментално уживате во кругот на соработниците. Можете да постигнете сè што сакате, но со нечија помош и поддршка. Бидејќи одлично работите во партнерство, обидете се да соберете луѓе од доверба или углед околу себе. Доволно сте вешти или снаодливи за да ја убедите саканата личност на некои ваши идеи. Нема причина да заминете расположени, на чекор сте до заедничката среќа.

РИБИ
Се однесувате многу амбициозно пред околината и на сите им давате до знаење дека не сакате никој по ниту една основа да ви се спротивстави. Внимателно проценете ги ситуациите кои бараат некаков ризик или поголема инвестиција. Потребна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да постигнете подобар психолошки баланс и прилив на креативна енергија. Партер лесно може да ве поттикне да реагирате позитивно и да ги изразувате емоциите.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (17 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо. Некои нешта не се онакви какви што изгледаат. Не можете да си дозволите да превземете ризик околу некоја ситуација. Можностите кои доаѓаат кај вас треба да бидат детално разгледани.

БИК
Вашите емоции денес ќе делуваат напнати и премногу изразени, тоа може да предизвика себичен впечаток кај другите. Но себичноста не секогаш мора да се карактеризира како нешто лошо. Понекогаш е здраво да направите нешто за себеси. Требада се грижите повеќе за себе.

БЛИЗНАЦИ
Вашите романтични ѕвезди денес изгледаат многу моќно. Месечината и Венера, двете најмноќни планети се подредени така што ги поместуваат вашите чувства и го запалуваат вашето срцео. Се што ви е потребно е да се појави вистинската личност.

РАК
Гледате на нештата црно бело, ќе морате да направите избор помеѓу повеќе опции. Обидете се да бидете повеќе флексибилни, разочарувањето и успехот ќе ве направат потолерантни кон другите, можеби со добра причина.

ЛАВ
Се отпуштате од некои нешта од минатото, особено во домот. Денес се изразени вашите врски со децата, на психолошки план, а тоа ве прави да делувате помладо. Се разбира тоа значи дека ќе уживате повеќе од вообичаено.

ДЕВИЦА
Партнер или колега е подготвен да направи договор што ќе ви донесе многу добри нешта, особено во домот. Ако можете да го забрзате вашето темпо, тогаш тоа ќе ви биде од корист. Вашата цел е да ја дознаете вистината а не да покажете дека сте биле во право.

ВАГА
Денес вашите лични избори и одлуки ќе бидат направени во духот на оптимизмот. Тоа е добро се додека сфатите дека некои услови се промениле во текот на времето, па ќе морате да се прилагодите.

ШКОРПИЈА
Можно е да сте биле излажани или сте биле водени на погрешен пат. Вашите планови сега треба да се прилагодат на конкретната ситуација. Ќе морате да работите надвор од вашите можности, нема друга опција.

СТРЕЛЕЦ
Следните неколку дена ќе се чувствувате како да сте се разбудиле од длабок сон. Ќе почнете да сфаќате дека некои ситуации кои ви делуваат збунувачки се всушност многу појасни. Ќе му дадете поддршка на некој помлад член од вашето семејство.

ЈАРЕЦ
Понекогаш притисокот да направите избор и да одлучите што е исправно е премногу голем. Можете да чувствувате како да се повлекувате настрана. Во минатото сте биле под притисок од многу луѓе, после се сега ќе мора да се изберете себеси.

ВОДОЛИЈА
Ќе ви биде потребен комфорт и стабилност, но во последно време тие некако ви се испуштаат од рака. Не грижете се, на крај се ќе биде добро. Ако вложите малку повеќе труд сега, ќе добиете многу повеќе во иднина.

РИБИ
Вашите емоционални длабочини се бранувани од последните борби кои сте биле принудени да ги водите. Ќе почнете да гледате кон иднината со повеќе јасност. Пристигнуваат добри вести. Никогаш не се сомневајте дека ќе ја имате љубовта од една специјална личност.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (16 јули)

Објавено пред

на

Овен

Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.

Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.

Исцрпени сте.

Бик

Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.

Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.

Имате проблеми со циркулацијата.

Близнаци

Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.

Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.

Можни се проблеми со зглобовите.

Рак

Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.

Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.

Можни се проблеми со алергиите.

Лав

Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.

Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.

Лош метаболизам.

Девица

Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.

Често мислите на личноста која ви значи.

Намалете го алкохолот.

Вага

Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.

Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.

Ве очекува мал пад на енергијата.

Шкорпија

Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.

Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.

Потрудете се да вежбате.

Стрелец

Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.

Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.

Стомакот ви е чувствителен.

Јарец

Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.

Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.

Здравјето е одлично.

Водолија

Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.

И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.

Можете да очекувате одлична состојба.

Риби

Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.

На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.

Низок притисок.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (15 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем.

БИК

Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Може да очекувате понуда за соработка надвор од земјата или со некоја компанија која е пооврзана со странство. Може да се надевате на познанство со личност за која сте слушнале многу коментари. Хронични проблеми.

РАК

Ќе успеете да остварите значително подобрување на деловните околности, а по некое време и поголема заработка. Цврсто верувате дека ќе ја пронајдете вистинската љубов. Иако имате многу разочарувања позади себе, не се откажувате. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Може да очекувате можност да реализирате една важна деловна соработка во иднина. Запознавањето нови луѓе ви внесува елан и ви дава позитивна енергија. Спремни сте за нова љубов! Водете сметка за алергии.

ДЕВИЦА

Може да очекувате напорен ден и многу обврски. Пред вас се многу стресови и промени. Засега не ви е лесно со партнерот да остварите стабилност. Во некои моменти полека се ладите. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Влегувате во нов проект кој наскоро ќе ви донесе и добри препораки, нова соработка и подобри можности за работа. Задоволни сте со односот кој го имате со саканата личност. Подготвени сте да го стабилизирате бракот. Можен е пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате новите деловни одлуки кои ги донесовте да се одразат на работата. Засега не ви е лесно да бидете отворени кога станува збор за вашите емоции бидејќи се плашите да не бидете повредени. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Можен е помал конфликт со колегите. Важно е да научите да бидете дипломат. Ви се допаѓа личност која се однесува променливо. Не сте сигурни дали и таа кон вас гаи емоции. Внесувајте повеќе магнезиум.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате дека ќе имате некои кочници на деловно поле и дека нема да ви биде лесно да се стабилизирате. Можни се несогласувања со саканата личност. Ве оптеретуваат кавгите и ве гушат. Болки во грбот.

ВОДОЛИЈА

Не е поволен ден за решавање на папирологија. Избегнувајте било какви проблеми со законот. Доколку сте слободни, може да очекувате ново познанство кое подоцна ќе води до љубовна врска. Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

РИБИ

Финансиите може да бидат променливи во наредниот период. Нема да ви биде лесно да остварите стабилност. Можеби вашата љубомора е причината за проблеми помеѓу вас и саканата личност. Проблеми со дебелото црево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (17 јули)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Скопје1 ден

Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово

На 15.07.2025 во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од...

Временска прогноза1 ден

Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север

По денешниот стабилен, суво, сончев и могу топол ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (16 јули)

Овен Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака. Можно е да имате трема пред...

Временска прогноза2 дена

Сепак следува заладување и промена на времето во Македонија?

Поради продор на поладен воздух од север на висина над нашиот дел од Европа, ќе биде доволно да дојде до...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за вторник (15 јули)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Македонија3 дена

(ФОТО+ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, лишени од слобода шест лица

На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под...

Македонија3 дена

Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Кичево3 дена

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“

Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во сеќавање на својот прерано изгубен член, планинар и другар, Сашо Костадиноски, го организира Осмиот...

Кичево3 дена

Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!

На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево,...

НАЈЧИТАНИ