Спорт
Храбра и квалитетна игра, рамо до рамо со Франција, нашата млада репрезентација со минимален пораз против фаворитите
Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби минимално со 1:0 од фаворитот Франција во натпреварот од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На Националната арена „Тодор Проески”, Македонија одигра храбар натпревар, фаворизираниот противник се мачеше, не создаваше многу прилики, одлична наша игра во одбраната. Дуелот го одлучи едно невнимание во одбраната кое доведе до подарок гол за гостите. Стрелец на единствениот погодок на денешната средба беше Калулу во 75. минута.
Ова беше втора победа во вториот меѓусебен меч во овие квалификации. Македонија во досегашниот тек на квалификациите има забележано два пораза и тоа двата од силниот состав на триколорите.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски, во првиот дел ја пропуштија најдобрата прилика за гол, Марио Илиевски се најде во одличната ситуација, но неговиот удар успеа да го скроти гостинскиот голман.
Квалификации за ЕП 2023, Романија и Грузија;
Група Х; Македонија – Франција 0:1 (0:0)
(Калулу 75′ 1:0)
Македонија: Давид Денковски, Адриан Хајдари, Филип Антовски, Марио Младеновски, Јован Манев, Адем Али, Енис Фазлагиќ, Арби Воша, Марио Илиевски Блерот Шеји;
Селектор: Драги Канатларовски;
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Магазин2 денаПорака од возач на Брза Помош, почит за сите возачи, наши спасители!
-
Кичево1 денЦУК со известување за изминатото деноноќие, во Кичево побарана била општинска интервенција во делот на ул. „Прилепска“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (20 ноември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за петок (21 ноември)
-
Без категорија20 часаЖолта предупредувачка фаза поради најавените обилни врнежи од дожд и силниот ветер, локално процесите ќе бидат во форма на невреме
-
Македонија1 денДржавниот пазарен инспекторат изврши инспекциски надзори во пет градови, затекнати биле низа неправилности кај 16 правни субјекти кои продавале тутунски производи
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (20 ноември)
-
Македонија2 денаАлбански државјанин фатен на „Ќафасан“ со 332 парчиња риба белвица
