Кичево
Вечер на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите
Почитувани хумани луѓе, наши сограѓани. Од вечерва 08-јануари со почеток од 18:00ч „Хуманитарниот Божиќен Базар“ продолжува и ќе трае до утре 09-јануари каде заклучно со ден четврток ја завршуваме магичната приказна на градскиот плоштад во Кичево.
Денес (среда) од 19:30ч во магичниот амбиент на плоштадот во Кичево, до светлечките украси во разновидни бои, богата со духовност и радост. Светлиот дух на Божик, во чест на Христовото Раѓање, нашето спасение, во благословена посета ќе ни гостува нашиот возљубен старец, Епископот Антаниски Партениј. Ќе има многу подароци за најмилите и изненадувања.
Се гледаме!
Програма за следните два дена:
- 8-ми јануари, посета на Епископот Антаниски Партениј, (Концерт на естрадните уметници и бендови од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Бели Мугри & Future Band, Марко Тодороски, Марко Јаковлески, Драган Вељаноски, Орце Богданоски, а ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајстори, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
- 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука & Марко Лазарески, Скара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Fire Phoenix Band, Маскоти, исто така Лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт24 часа(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево7 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух



