Следете не

Кичево

Сите собрани средства од кичевскиот „Хуманитарен Божиќен Базар“ во целост ќе се пренаменат за лекување на Дејан Огненоски, вечерва и утре ве очекуваме во најголем број!

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани сограѓани, сите оние кои до сега го посетувавте „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево и тие кои вечерва и утре на завршните два дена ќе дојдат и хуманитарно да допринесат. Нашата мисија веќе четири години е иста, сите ваши добротворни дела со вашите потрошени финансии на Базарот во целост ги донираме онаму каде е најпотребно.

Оваа година откако во јавноста се обзнани случајот на кичевчанецот Дејан Огненоски, сопруг и родител на две дечиња за неговата тешка здравствена состојба, кој боледува од канцер, нашиот тим на организација едногласно донесе одлука токму „Хуманитарниот Божиќен Базар“ неговите финансиски средства кои досега се направиле, како и од вечерашната и утрешната манифестација, токму од единствениот фактор „народот“ да одат за лекување на Дејан!

Иако секогаш и секаде ќе треба да се подаде рака, има мал милион случаеви, но сега сметаме дека сме му најпотребни сите на Дејан, за да ја победи животната битка и да му се насмевме на животот повторно!

Во град Кичево, поставени се хуманитарни кутии за донации на неколку места, ќе имаме и вечерва на Базарот има и во градската црква „Св.Петар и Павле“, сите кои се во можност да донираат преку трансакциска сметка истото можат да го направат тука:

Т-ска сметка: 200002853684314

Име и презиме: Дејан Огненоски

Број на ЛК/Пасош: А0015074

Вечерва и утре (четврток) / старт: 18:00ч

  • 8-ми јануари, посета на Епископот Антаниски Партениј, (Концерт на естрадните уметници и бендови од Кичево, Дарко Стојаноски, Мирослав Мирчески, Христијан Тришоски, Христијан Трајаноски, Михајло Данилоски, Бели Мугри & Future Band, Марко ТодороскиМарко Јаковлески, Драган Вељаноски, Орце Богданоски, а ќе ја имаме најубавата Скара на Жар од старите мајсториDj Vix Alex & Zmija LightsЛотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)
  • 9-ти јануари (Завршен ден: „Addicted Band“ во живо, маестро Лука & Марко ЛазарескиСкара на Жар, Dj Vix Alex & Zmija Lights, Fire Phoenix Band, Маскоти, исто така Лотарија, Воз за најмилите и спектакуларен огномет)

Вечерва и утре, ве повикуваме во најголем број до сега, колку повеќе ќе се потроши толку ќе има повеќе за лекување на Дејан! Како што добивме информација, наскоро ќе бидат активни и телефонски броеви од Телеком и А1, каде ќе може да се донира и преку вашата мобилна сметка.

Од ❤️ за Дејан!

Организација / „Хуманитарен Божиќен Базар“
Порта.мк

Бонус видео:

Кичево

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Објавено пред

на

©porta.mk

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.

Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.

Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Објавено пред

на

ФОТО: ООУ Кузман Јосифоски-Питу

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.

Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски

Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

Објавено пред

на

©porta.mk

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух

Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (14 декември)

ОВЕН Вклучете се малку повеќе во настаните околу вас, особено ако се поврзани со луѓето кои ви значат. Помогнете му...

Спорт22 часа

(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град

Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра,...

Хроника24 часа

Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место

На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А....

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (13 декември)

ОВЕН Направете планови за работа што ќе бара вистински професионалци, веројатно луѓе постари од вас. Без разлика на кој пол...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка

Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче...

Македонија2 дена

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника2 дена

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево2 дена

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт2 дена

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

НАЈЧИТАНИ