Кичево
Утре на градскиот плоштад во Кичево се организира „Хуманитарен Базар“ со традиционална храна, ракотвордби и многу производи
Драги родители, почитувани кичевчани, преку нашиот сервис кој секогаш дава безрезервна поддршка на настаните од ваков карактер, Ве информираме дека утре на ден 08.10.2022 (сабота) со местолокација градски плоштад (кај Музејот) со почеток од 11:00 до 15:00 часот за прв пат ќе се одржи „Хуманитарен Базар“ во организација на Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“.
Базарот ќе биде збогатен со многубројните ракотворби, традиционалната храна, грнчарски артикли и производи кои никого нема да остават рамнодушен. Апелираме сите да го посетите овој настан, секој купен производ ќе значи директна поддршка и помош за децата со пречки во развојот околу нивните животни потреби.
Почит до сите хумани луѓе и добронамерници!
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија17 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија13 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
-
Хороскоп4 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
