Кичево
Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани

Се наближува големиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение и додека сите ние го празнуваме со богати трпези има семејства кои гладуваат. Човечки е да споделиме дел од она малку што го имаме со некој што нема. Пред четири месеци ТУКА успешно беше реализиран ваквиот настан кој благодарение на хуманите кичевчани барем за момент и одредено време успеавме да израдуваме неколку семејства.
– Затоа на 18 април (недела) од 12:00 до 15:00 часот во дворот на црквата Св.Апостоли Петар и Павле (за кој сме oсобено благодарни до Кичевската парохија за нивната помош) повторно ќе се собираат донации (храна и секаков вид помош) за најпогодените социјално ранливи групи на граѓани од Кичево.
– За таа цел организаторите и нашиот медиум кој неуморно дава поддршка за хуманитарни дела ги повикуваме сите хумани граѓани, фирми, маркети да ни се приклучат на хуманитарната акција која е со единствена цел да може да им се помогне на многу сиромашни семејства.
Настанот ќе се одвива без групирање, со задолжително носење на заштитна маска на лицето, почитувајќи ги дадените мерки за заштита од Коронавирусот.
Што се однесува до можноста за доаѓање, доколку некој има обврски и неможе да го посети хуманитарниот пункт, а сака да донира може да се обрати на тел 076/824-325 и истите донаторски работи да завршат во прави раце.
Ти биди причина за некој да верува во добрината на луѓето!!!
Биди хуман затоа што раката која дава никогаш не се суши!!!
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот