Кичево
Причина за сечење на 30 годишните врби во центарот на Кичево

Известување во насока за дознавање на вистината и елиминирање на секакви сомнежи околу одстранувањето на 27 годишните врби од пред Домот на култура, кои деновиве беа предмет на дискусија и нагаѓања на социјалните мрежи. Објаснувањето е следново:
Пред извесно време приметено беше сушење на гранки во горните слоеви на круната, при што беа повикани стручни лица кои со експертиза утврдија дека 27 годишните врби од типот Salix babylonica се навлезени во длабока старост (фенофаза на сенилност) и поодмината фаза на исушување.
Kако резултат на тоа и на неизвршување ни на санитарна ниту на редовна резидба на круната, едната се сруши на среќа без последици. Тоа беше воедно и предупредување да се преземат соодветни мерки со преостанатите две како би се елиминирал понатамошниот ризик од нивно паѓање и доведување во животна опасност на минувачите.
По извршената експертиза беше одлучено во најбрз можен рок и со цела потребна документација, да се одстранат и на нивно место да се посадат млади садници од ист вид, и со тоа да се задржи автентичноста на просторот на кој сме биле навикнати во минатото.
Автор: Club institute
Кичево
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило

Љубителите на чисти и уредни автомобили во Кичево отсега имаат нова, модерна опција за миење и одржување на своето возило. Самопослужната автоперална „Fi-Go“ е отворена и нуди практична услуга за чистење на автомобилот во секое време – благодарение на работното време 24/7, и се наоѓа на локацијата ТУКА
Што нуди „Fi-Go“?
-
Пена: 30 секунди за 10 денари – за ефикасно нанесување на средство за чистење и отстранување нечистотии.
-
Вода: 60 секунди за 10 денари – за темелно испирање на возилото.
-
Правосмукалка: 45 секунди за 10 денари – за брзо и прецизно чистење на ентериерот.
Начини на плаќање
Плаќањето е лесно и достапно за сите – се прифаќаат монети, книжни пари.
Зошто да ја изберете „Fi-Go“?
-
Брзина: За само 10 минути можете целосно да го освежите автомобилот.
-
Флексибилност: Работи 24 часа, секој ден во неделата.
-
Едноставност: Лесно ракување со апаратите и брза услуга.
Ако сакате вашето возило секогаш да биде чисто без да трошите многу време и пари, „Fi-Go“ во Кичево е идеалниот избор. Посетете ја и уверете се во квалитетот на услугата!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
-
Кичево12 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија2 дена
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт3 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија5 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија17 часа
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце