Македонија
И авто-плинот поскап од денес за 2,5 денари за литар

Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми 2,5 денар и моментално се продава 41,50 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва.
Како што знаеме авто-плинот не е под Регулаторната Комисија за Енергетика.
Македонија
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонски и српски полициски службеници

Денеска (21.07.) во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи.
Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август.
Она што посебно е карактеристично за оваа соработка е дека целта на заедничките патроли не е само зголемување на степенот на размена на искуства помеѓу полициските службеници од двете министерства, туку многу повеќе излегување во пресрет на граѓаните со цел задоволување на нивните потреби од безбедносен аспект како и обезбедување други сервисни потреби.
Полицајците од Србија нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на РМ, нема да го носат службеното оружје и ќе даваат само поддршка на полициските службеници од Охрид.
Српските полицајци пред стапувањето на работната задача детално биле запознаени со законот за внатрешни работи на РМ и Законот за полиција, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, викендов реализира зајакнати контроли за алкотест

Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, викендов реализира зајакнати контролни мерки согласно Законот за внатрешна пловидба.
Притоа, полициските службеници кај 7 лица констатираа 14 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, алкотестираа вкупно 13 лица и кај 3 лица констатираа присуство на алкохол во организмот.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Од ноќеска бензините со мало намалување на цена, додека дизелот останува со иста цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.07.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.
Извор: РКЕ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (20 јули)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (21 јули)
-
Македонија1 ден
(ВИДЕО) Полициски службеници од Хеликоптерската единица и САЕ “Тигар” спасија повредено лице на планината Баба
-
Кичево12 минути
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на с.Трапчин Дол се случила сообраќајна незгода, сообраќајот се одвива наизменично
-
Македонија2 дена
ЦУК: 4 активни пожари, 5 под контрола, 18 изгаснати до предмалку
-
Автомобили1 ден
Дали знаете по колку време метличките на бришачите стануваат неупотребливи?
-
Скопје20 часа
Изменет сообраќаен режим во Скопје, следни четири дена на овие локации
-
Македонија2 часа
Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонски и српски полициски службеници