Следете не

Автомобили

И Tesla се сели во Индија

Објавено пред

на

Директорите на Tesla ја посетија Индија и разговараа со министрите за формирање на производствена база за автомобили и батерии.

Tesla сака што поскоро да инвестира во Индија. По состанокот на директорите на Tesla со премиерот Нарендра Моди, Маск објави дека Tesla ќе биде во Индија што е можно поскоро.

Индија направи добра понуда до Tesla, а од друга страна, Маск смета дека оваа земја има силен потенцијал за иднината на одржлива енергија. Освен во Tesla, во Индија доаѓа и Старлинк.

Американските компании се повеќе ја намалуваат нивната зависност од Кина како производна база. Tesla се откажа од плановите за влез во Индија минатата година поради високите даноци за увоз. Сепак, по Apple изгледа дека Tesla не сака да чека повеќе.

Извор: gadgets360.com

Автомобили

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Објавено пред

на

Фото: Michael Fousert @ unsplash
Фото: Michael Fousert @ unsplash

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа е прашање што ги мачи речиси сите сопственици на вакви автомобили. Ново истражување на холандската потрошувачка програма AvroTros Radar донесе интересни резултати.

Реален досег наспроти ветувањата

  • Повеќе од половина од возачите (52%) велат дека никогаш не успеале да го постигнат официјално најавениот домет.

  • Во просек, реалната километража е околу 20% пониска од официјалната WLTP спецификација.

  • Сепак, 73% изјавиле дека се задоволни од досегот, додека 13% рекле дека се многу незадоволни.

Проблеми и влијание на условите

  • 41% од незадоволните се пожалиле кај продавачите или кај лизинг-компаниите, но речиси никогаш не добиле вистинско решение.

  • Иако три четвртини од испитаниците знаеле дека дометот зависи од температурата и стилот на возење, дури 40% не биле свесни колку силно овие фактори ја намалуваат километражата.

Разлики меѓу брендовите

  • Peugeot – најслаб резултат, само 44% од возачите рекле дека се задоволни.

  • Tesla и Volvo – исто така под просек, со чести отстапувања од ветениот досег.

  • Hyundai – најдобар резултат: 45% од возачите дури пријавиле дека поминале повеќе километри од официјално декларираното, а 89% се целосно задоволни.

Доверба во електричната технологија

И покрај ваквите разлики, најголемиот дел од возачите остануваат оптимисти:

  • 81% би го избрале истиот модел повторно.

  • 11% би смениле бренд.

  • Само 9% би се вратиле на автомобил со класичен мотор.

Извор: AutoBlog

Прочитај повеќе...

Автомобили

BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/video/youtube

BMW и Qualcomm го претставија новиот систем за помош на возачот „Snapdragon Ride Pilot“, кој за прв пат ќе биде прикажан на саемот „IAA Mobility 2025“. Решението овозможува автономно возење на автопати, автоматско менување на ленти и поддршка при паркирање, со што се најавува следната фаза во развојот на интелигентната мобилност.

Станува збор за технологија од ниво 2+, што подразбира дека возачот и натаму мора активно да го следи сообраќајот. Платформата комбинира 360° камера перцепција, вештачка интелигенција и напредни алгоритми за анализа на сложени ситуации во сообраќајот.

Qualcomm нагласува дека безбедноста е врвен приоритет, со усогласување со глобални стандарди како ISO ASIL. Ride Pilot веќе е валидиран во 60 земји, а до 2026 година целта е присуство во повеќе од 100 пазари.

Со ова, BMW и Qualcomm се приклучуваат кон динамичната трка за автономни решенија, каде конкуренцијата од компании како NVIDIA и Mobileye станува сè поинтензивна.

Извор: Engadged

Прочитај повеќе...

Автомобили

Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година

Објавено пред

на

Фото: Martin Katler @ unsplash
Фото: Martin Katler @ unsplash

Во првата половина од 2025 година, европскиот автомобилски пазар бележи значајни промени и трендови. Според податоците на JATO Dynamics, објавени од Best-Selling Cars, најпродаван производител останува Volkswagen Group, додека зад него се позиционираат Stellantis, Renault Group и Hyundai-Kia.

Volkswagen Group и понатаму водечки

Volkswagen Group го задржа својот статус на најголем производител во Европа со над 1,8 милиони продадени возила. Иако 72% од продажбата сè уште се базира на конвенционални мотори, уделот на електричните и хибридните модели расте и сега изнесува 28%.

Stellantis стабилно на второ место

На второ место е Stellantis, со продадени 1,04 милиони автомобили. Оваа групација сè уште најмногу се потпира на класични погонски склопови – дури 85% од продажбата доаѓа од бензински и дизел модели.

Renault и Hyundai-Kia со силен раст

На третото место е Renault Group, со 704.000 продадени возила, додека Hyundai-Kia се пласира на четвртото место со 541.000 возила. Двата производители се издвојуваат со висок удел на електрифицирани модели – околу 43% од вкупната продажба.

Премиум брендовите ја забрзуваат транзицијата

BMW Group продаде 485.000 возила, од кои 40% се електрични или хибридни. Mercedes-Benz постигна 355.000 продажби, со удел на електрифицирани модели од 34%.
Ford исто така продаде 257.000 автомобили, со идентичен удел на електрифицирани возила како и Mercedes – 34%.

Geely сè поактивен во Европа

Кинеската Geely Group оствари 202.000 продажби, од кои дури 67% се електрични или хибридни автомобили. Со тоа, Geely се искачи на деветтото место, пред Nissan (165.000 возила) и веднаш зад Ford.

Toyota лидер во електрификацијата

Иако по вкупна продажба е на шестото место со 479.000 возила, Toyota е апсолутен лидер во електрификацијата. Дури 86% од нејзината продажба во Европа се хибриди и електрични автомобили – највисок удел меѓу сите водечки брендови.

Силната хибридна понуда и растечката популарност на електричните модели ѝ овозможуваат на Toyota да се натпреварува рамноправно со европските производители, иако традиционално тие доминираат на пазарот.

Извор: 24Sata

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Технологија8 часа

(ВИДЕО) „DJI“ официјално го претстави својот нов дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 PRO

Предмалку реномираната „DJI“ го претстави новиот дрон од серијата „мини“ – DJI Mini 5 Pro кој практично претставува ново ниво...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили11 часа

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин11 часа

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин12 часа

Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето

Samsung Electronics официјално го претстави One UI 8, новата верзија на својот кориснички интерфејс која носи напредни мултимодални можности со...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин12 часа

YouTube ја воведе повеќејазичната аудио функција – креаторите добиваат глобален досег

По двегодишна пилот-програма, YouTube официјално ја лансира повеќејазичната аудио функција, овозможувајќи им на милиони креатори да додаваат синхронизација на своите...

Музика14 часа

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

Временска прогноза15 часа

Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за среда (17 септември)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Македонија1 ден

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

НАЈЧИТАНИ