Следете не

Кичево

Вечерва на турнирот во мал фудбал – с.Вранештица се играат 1/4 финалните натпревари, ќе биде неизвесно до самиот крај!

Објавено пред

на

Полека но сигурно се приближуваме до четвртфиналните мечеви, вечерва во претстојното коло силите ќе ги одберат до сега најуспешните екипи. Ланскиот бранител на титулата „Кеди Дизајн АНН Енерџи“ ќе се бори за нов трофеј, додека екипата на Напредок својот млад потенцијал покажува дека може да се носи и во футсал натпреварувањата.

Распоредот на мечеви за вечерва од 20:00ч е следен:

  1. Куќа на Мијаците – Роденденски Пињати (Кичево)
  2. Напредок – Кеди Дизајн АНН Енерџи
  3. Мајстори 1 – Печењара Љајче (Тетово)
  4. Гранд Истанбул Лажани – Јохана (Демир Хисар) 

Организаторите преку нашиот медиум ги повикуваат сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат во вистинскиот спектакл приреден и збогатен со највкусна храна (проверено) и ладен пијалок.

Нашата екипа вечерва преку галерија ќе ги пренесе фудбалските утакмици, така што – Нека победи подобриот!

Кичево

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

Објавено пред

на

©porta.mk

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно лице се обидело со употреба на сила да влезе во семејната куќа каде живее неговата мајка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри

Објавено пред

на

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.

Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.

Извор: emsc.eu

Прочитај повеќе...

Кичево

Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните

Објавено пред

на

ФОТО: Порта.мк / Кнежино МЗ.

Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.

Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.

Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.

Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.

Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.

Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.

Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.

Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

Спорт4 часа

ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци

Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот...

Фото: Steven Ungermann @ unsplash Фото: Steven Ungermann @ unsplash
Lifestyle7 часа

Без оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот

Затнат одвод полн со маснотии? Постојно клокотење и вода што не се исцедува? Постојно се препорачува сода бикарбона и оцет,...

Фото: roya ann miller @ unsplash Фото: roya ann miller @ unsplash
Lifestyle7 часа

Луѓето научиле да користат оган многу порано отколку што се мислеше

Археолозите открија најрани докази за намерно палење оган во Барнам, Сафолк (источна Англија), стари околу 400.000 години, што значително ја...

Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash Фото: Cassiano K. Wehr @ unsplash
Автомобили7 часа

Како безбедно да возите во магла: Најважните правила и грешки што мора да ги избегнувате

Возењето во магла е едно од најопасните искуства на патиштата. Намалената видливост, лизгавиот коловоз и непредвидливото однесување на другите возачи...

Фото: Onur Binay @ unsplash Фото: Onur Binay @ unsplash
Магазин7 часа

Грешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот

Правилното полнење на паметниот телефон може значително да го продолжи животниот век на батеријата, да ја подобри издржливоста и да...

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин7 часа

ChatGPT ќе се интегрира со Apple Health: Што значи тоа за корисниците?

ChatGPT наскоро би можел да стане дел од екосистемот на Apple Health, носејќи понапредни можности за анализа на здравствени податоци...

Македонија9 часа

МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025...

Македонија9 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични...

Временска прогноза10 часа

Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на...

НАЈЧИТАНИ