Македонија
Има и приведени од кичевско, детали за спроведената акциска на ДПИ и УЈП

Во текот на изминатата вечер (19/20.03.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.
Притоа, во с.Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој.
Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории.
Извор: МВР
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура5 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје19 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Временска прогноза2 дена
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите
-
Магазин2 дена
Giveaway: Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивачи на Ливерпул и Реал Мадрид
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“