Следете не

Македонија

Ковид-19 биланс денеска: Нови 273, додека 8 пациенти починале како последица од коронавирусот, 233 се регистрирани како оздравени

Објавено пред

на

Во последните 24 часа направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 161
• Битола – 21
• Прилеп – 16
• Кавадарци – 12
• Охрид -11
• Куманово – 10
• Струмица – 6
• Тетово и Гостивар – по 5
Кичево – 4
• Велес, Штип и Струга – по 3
• Кочани, Радовиш и Богданци – по 2
• Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија – по 1
Од вкупниот број на позитивни (273), регистрирани се 45 реинфекциии.
Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години. Пријавените лица се починати во период од 18.02. до 05.03.2022 година. Од починатите лица две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.
Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од:
• Скопје – 139
• Битола – 15
• Велес – 11
• Куманово – 10
• Прилеп – 9
• Охрид – 8
• Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5
• Кичево – 4
• Тетово, Сруга и Виница – по 3
• Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар – по 2
• Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар – по 1
Направени се 2.799 тестови преку:
ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-82, Биотек-76, Систина-32, лабораторија Лаор-117, Синлаб-17, Ремедика-16, Плодност-27, Генеа-13, Никоб Лаб-228, ВФВ Медикал-68, Ели Медика Плус-28, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-10
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.401
Досега во земјата се направени вкупно 1.933.837 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.140, бројот на оздравени пациенти е 291.952, на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Објавено пред

на

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.

Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.

На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Објавено пред

на

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скооје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:

Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:

петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот

– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид изнесе детали за запалениот глисер, бил приватна сопственост

Објавено пред

на

Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка  „Aquaviva 23“, сопственост на Н.С.(47) од Охрид, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина.

Врз запалениот пловен објект, веднаш интервенирале припадниците на езерската полиција, на сообраќајната полиција како и припадници на армискиот центар за обука на вода кои, од глисерот го отстраниле К.П.(24) од Охрид и со соодветна опрема за гасење, отпочнале со гасење на пожарот. Набрзо им се придружиле и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид со што е спречено натамошно ширење на пожарот а повикана е медицинска екипа од Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, на местото извршен е увид во присуство на полициски службеници, претставници од охридската капетанија на пристаништа.

Глисерот е одземен за понатамошни вештачења, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин10 часа

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија13 часа

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle21 час

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle21 час

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин21 час

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

Магазин21 час

Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се гаси по 15 години

LG – еден од некогаш водечките производители на паметни телефони со Android – ја завршува својата приказна по 15 години...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија1 ден

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин2 дена

Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

НАЈЧИТАНИ