Магазин
Индонезија ја одби понудата на Apple од 100 милиони долари
Индонезиската влада ја одби понудата на Apple за инвестиција од 100 милиони долари со цел да се укине забраната за продажба на iPhone 16 во земјата. Владините претставници истакнаа дека понудата не ги исполнува критериумите за правичност и усогласеност со регулаторните барања.
Причини за забраната
Минатата недела, Индонезија воведе забрана за продажба на iPhone 16 бидејќи Apple не ја исполни регулативата според која 40% од уредите мора да бидат направени со локални компоненти.
Одговорот на Apple
Apple понуди да ја зголеми инвестицијата во земјата, но министерот за индустрија Агус Гумиванг Картасасмита изјави дека понудата е недоволна.
„Apple сè уште нема инвестирано во производствени капацитети или фабрики во Индонезија,“ рече министерот, повикувајќи ја компанијата да отвори локален производствен погон за да ги избегне идните забрани.
Алтернативи за корисниците
Иако е забранета официјалната продажба, околу 9.000 уреди iPhone 16 веќе се увезени во земјата за лична употреба.
Забрана и за Google Pixel
Индонезија воведе слична забрана за паметните телефони Pixel од Google, поради неусогласеност со истите регулативи. Во земјата има околу 22.000 увезени Pixel телефони.
Овие чекори се дел од пошироките напори на Индонезија да ги заштити и поттикне локалните индустрии.
Извор: SeeBiz
Магазин
Топ 10 најпродавани телефони со вештачка интелигенција во светот
Само два бренда, Apple и Samsung, доминираат на глобалниот пазар на мобилни телефони со вештачка интелигенција (AI), заземајќи ги сите десет места меѓу најпродаваните уреди.
Мобилните телефони со AI се една од најпопуларните технолошки категории оваа година. Според извештајот од Canalys, стапката на раст за овие телефони ќе достигне 17% во 2024 година и се предвидува да се зголеми на 32% до 2025 година. Технологиите базирани на AI стануваат сè позастапени, не само кај премиум моделите, туку и во средната и високата класа.
Глобални податоци за пазарот на AI мобилни телефони (Q3 2024):
- Apple: 32,1 милиони единици испорачани, со доминантен пазарен удел од 61%.
- Samsung: 25% удел на пазарот.
- Xiaomi: 7%,
- vivo: 4%,
- Honor: 2%.
Топ 10 најпродавани мобилни телефони со AI:
- iPhone 16 Pro
- iPhone 16 Pro Max
- iPhone 15 Pro Max
- iPhone 16
- iPhone 15 Pro
- Samsung Galaxy S24 Ultra
- Samsung Galaxy S24
- Samsung Galaxy Z Flip6
- Samsung Galaxy S24+
- Samsung Galaxy Z Fold6
Apple ги зазема првите пет места, додека Samsung доминира од шестото до десеттото место. Оваа статистика ја потврдува нивната неприкосновеност на глобалниот пазар за мобилни телефони со вештачка интелигенција.
Извор: Benchmark
Магазин
Google Photos најавува ажурирање
Наскоро во Google Photos доаѓа нова функција.
Google додаде нова функција во Google Photos што го олеснува следењето на новата активност во споделените албуми. Новиот дел им овозможува на корисниците да гледаат известувања како што се ажурирања на споделени албуми и разговори во Google Photos.
Така, кога ќе добиете нов споделен албум, можете да видите дали некој ви додава нови фотографии и објавува коментари во делот Ажурирања . Корисниците можат да пристапат до ажурирањата со допирање на иконата за ѕвонче што наскоро ќе се појави до копчето за споделување. Во рамките на овој дел, ќе се прикаже временска линија и корисниците ќе можат да ги видат активностите од денес, вчера, оваа недела, овој месец или минатиот месец.
Извор: indianexpress
Хороскоп
Хороскоп за сабота (7 декември)
ОВЕН
Препреките кои денес ви се појавуваат можат да бидат прилично тешки за вас. Бидете внимателни и смирени. Вашата самодоверба е одлучувачки фактор на ова поле. Ја освојувате личноста која ви се допаѓа. Здравјето е добро.
БИК
Ако сте во улога на шеф, може да очекувате добар период за реорганизација на некои работи на ова поле. Во однос на партнерот недостасува флексибилност и добра комуникација. Потрудете се да се прилагодите на него. Хронични проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Во последен момент решавате некои проблеми на деловно поле. Конечно ќе бидете задоволни со ситуацијата на работно поле. Иако покажувате дека ја сакате личноста со која сте во врска, повремено имате потреба да флертувате. Бавете се со спорт и бидете активни.
РАК
Денешнниот ден е многу поволен за работа. Може да очекувате дека сѐ ќе држите под контрола. Во вашата врска денес ќе се појави некој помал проблем во комуникацијата. Потрудете се да покажете трпение. Чувајте ги бубрезите.
ЛАВ
Ве очекуваат многу предизвици на деловно поле. За да ги надминете потребна ви е мудра тактика. Не се чвствувате повеќе исто покрај личноста со која сте во врска и полека се гледа крајот. Проблеми со урогениталниот тракт.
ДЕВИЦА
Проблемите на деловно поле денес лесно ќе ги решите. Моменталната ситуација на љубовно поле не ви се допаѓа. На некој начин сте разочарани во саканата личност. Ослабен имунитет. Внимавајте на здравјето.
ВАГА
Додека не ги расчистите сите обврски и долгови од минатото, не може да продолжите понатаму. Потрудете се што повеќе да се посветите на работата. Ситуацијата на љубовно поле би можела да биде на некој начин проблематична денес. Забрзана работа на срцето.
ШКОРПИЈА
Можно е да дојде до помали компликации или некои непредвидени проблеми на работно поле денес. Иако не сте подготвени за нова врска, постои личност која ви се допаѓа и за која честопати размислувате. Чувствителен граден кош.
СТРЕЛЕЦ
До решение на проблемите доаѓате прилично лесно. Некои работи денес одат подобро отколку што очекувавте. Вашиот партнер покажува незадоволство. Можеби доаѓа време да направите нешто во врска со тоа? Чувствителни синуси.
ЈАРЕЦ
Потребно ви е време даа се навикнете на новото деловно опкружување. Пред вас се многу промени. Иако сте свесни за мааните кои ги има вашиот партнер и понатаму го сакате на некој начин. Зголемен апетит.
ВОДОЛИЈА
Трудете се да балансирате во меѓучовечките односи со работното опкружување, а тоа нема да биде лесно денес. Моменталниот партнер не ви одговара, но сѐ уште не сакате да раскинете. Зголемен крвен притисок.
РИБИ
Среќата повторно ве погледна и задоволни сте од околностите на работното место. Можно е да дојде до решение на проблемот. Денешниот ден ви носи можност за остварување на некои тајни врски. Ве мачи несоница.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (7 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (6 декември)
-
Спорт7 часа
Кичевското „трио“ ќе ја дели правдата утре на мечот „Струга ТЛ – Воска“, Ставрев и Костадинов на „Тодор Проески“ за последен пат пред пензија на „ФК Работнички – ФК Пелистер“
-
Кичево1 ден
Броиме часови до долгоочекуваниот концерт на младиот пијанист Лука Лазарески од Кичево!
-
Македонија1 ден
Утрово кај охридско Ново Село, полициски службеници направиле сообраќајка со службено возило
-
Временска прогноза1 час
Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на Скијачките центри ќе се зголемува!
-
Спорт2 дена
Едоардо Бове фудбалерот од Фиорентина кој колабираше на терен, постои можност неговата професионална кариера да ја заврши
-
Хроника1 час
Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот