Свет
Индонезија: Забраната за секс надвор од брак не важи за туристите, велат властите
Неодамна донесениот кривичен закон во Индонезија со кој се забранува секс надвор од бракот нема да важи за туристите, велат властите.
Новите одредби од законот наречени „забрана за секс на Бали“ предвидуваат затворска казна до 12 месеци за интимни односи надвор од бракот, додека соживот пред брак се заканува со затворска казна од шест месеци.
Гувернерот на Бали, туристички центар, вели дека властите нема да го проверуваат брачниот статус на туристите.
Одредбите треба да стапат во сила за три години, но се очекуваат приговори за различни делови од законот.
Законот беше донесен по притисокот на верските водачи во Индонезија, земја со мнозинско муслиманско население.
Иако забраната за секс надвор од бракот привлече многу поголемо внимание во странство, многумина во Индонезија се загрижени дека другите членови на новиот закон би можеле да бидат поштетни, што го прави кривично дело критикувањето на претседателот или потпретседателот, на пример.
Обединетите нации веруваат дека новиот акт ги крши човековите права во земјата, но индонезиските власти тврдат дека усвоениот закон ќе ги зајакне „индонезиските вредности“.
Бизнисмените се загрижени дека промените би можеле да го нарушат имиџот на Индонезија како дестинација за одмор и инвестиции, која сè уште се опоравува од пандемијата на коронавирус.
Повеќе од 16 милиони луѓе ја посетија Индонезија во 2019 година.
Иако беше најавено дека законот ќе важи подеднакво и за локалното население и за туристите, властите се обидуваат да го смират стравот на туристите од кривично гонење.
„Бали останува непроменет – пријатно и безбедно место за посета“, рече Вајан Костер, гувернер на Бали.
Посетителите нема да мора да ја докажуваат брачната состојба за време на нивниот престој, ниту пак локалните власти ќе вршат дополнителни проверки, додаде Костер.
Заменик-министерот за правда на Индонезија им вети на странците дека нема да бидат кривично гонети.
„Сакам да им нагласам на туристите дека за нив не важи овој член од законот.
„Ве молиме дојдете во Индонезија“, им рече на новинарите Едвард Омар Шариф Хариеј.
Надлежните посочуваат дека ќе бидат изречени казни и за невенчаните парови и за прељубниците доколку се пожали маж, жена, родител или дете.
Затоа надлежните уверуваат дека мали се шансите законот да се применува и за туристите.
/danas
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин1 денИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за петок (5 декември)
-
Хороскоп23 часаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle1 ден(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија2 денаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза10 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
